Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Студент изработил модерен фустан од кондоми

ФОТО: Студент изработил модерен фустан од кондоми

Сега и жените можат да носат кондоми, но во формата на модерен фустан. Виетнамскиот студент по дизајн Нгуен Мин Туан како дел од својата дипломска работа „Breaking the condom taboo“ изработил фустан од кондоми.

Фустан од кондоми

Фустанот е наречен „Condom Glow Fashion“ и е направен од 700 кондома. Туан изјавил дека го направил фустанот по повод Светскиот ден на борбата против сидата (1 декември). Тој решил да реализира ваков проект поради критичкото однесување на Виетнамците кон сексот и употребата на кондоми. Проектот има за цел ја подигне свеста на неговите сограѓани за важноста на користењето на заштита при секс. „Сакам луѓето да знаат дека функцијата на кондомот е да го заштитува здравјето“ – изјавил тој.

Фустан од кондоми Фустан од кондоми

Манекенката која го презентирала фустанот, Квин Транг, изјавила дека е овој проект е многу важен. „Ова е многу креативна идеја. Многу е поучна за младите и за цело општество. Горда сум што сум дел од ваква значајна кампања“ – рекла таа.

Фустан од кондоми Фустан од кондоми

Дизајнот на фустанот е модерен и кога се гледа оддалеку воопшто не се познава дека е изработен од „контрацептивен“ материјал. Туан веќе добил многу пофалби во модниот свет за дизајнот и креативноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.