Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Со висина од 56cm ќе стане најмалиот човек на светот

ФОТО: Со висина од 56cm ќе стане најмалиот човек на светот

Џунреј Балавинг наскоро ќе стане најмалиот човек на светот. Малиот тинејџер кој е висок само 55,88 сантиметри има 17 години, но е голем колку едногодишно бебе.

Кога во јуни ќе наполни 18 години, младиот Филипинец ќе влезе во Гинисовата книга на рекордите како најмал човек на светот.

Џунреј Балавинг Џунреј Балавинг

Џунреј се судира со многу тешкотии во животот токму поради неговата големина. Тој тешко се движи и не може да стои исправен долго време.

Неговата мајка прв пат забележала дека нешто не е во ред кога Џинреј бил на двегодишна возраст и го однесла на доктор, но таму сите биле збунети и не можеле да ѝ помогнат.

Кога Џунреј имал 12 години, неговите родители повторно го однесле на доктор, каде единствено добиле совет да му даваат повеќе витамини, но тие не можеле да ги обезбедат витамините бидејќи биле премногу сиромашни.

ЏунрејЏунреј со своето семејство

„Џунреј може да се движи само со нечија мала помош и не може да стои исправен многу долго затоа што чувствува преголема болка. Но, тој е пресреќен кога му кажувам дека е најмалиот човек на светот, ми се насмевнува со гордост“ – изјавила неговата мајка.

Во моментов најмалиот човек на светот е Нињо Ернандез од Колумбија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10977 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.