Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Пред 6 години купил бургер и помфрит од McDonald’s, вака изгледаат денес

ФОТО: Пред 6 години купил бургер и помфрит од McDonald’s, вака изгледаат денес

Можеби ќе ве изненади, но чизбургерот и помфритот на фотографиите се стари шест години.

McDonald's

Маж од Исланд го купил последниот оброк од McDonald's во 2009 година, пред познатата марка за брза храна да го затвори својот ресторан во Исланд.

28-годишниот Смарасон чекал да дојде последниот работен ден на McDonald's за да ја купи последната порција пржени компири и последниот чизбургер, а потоа ги донирал во Националниот музеј на Исланд, каде три години биле изложени во пластична кеса.

McDonald's McDonald's

Музејот му го вратил оброкот на Смарасон во 2012 година. „Тие го имаа изложено додека некој не се пожали дека музејот не е соодветно место за изложување на храна. Па, тие побараа од мене дозвола за уништување“ – раскажал тој.

McDonald's

Сепак, Смарасон одлучил да го задржи оброкот и да го чува на видно место во својот хотел, бидејќи бил зачуден што храната не се распаднала и што врз неа немало никаква мувла.

„Повеќе немаме McDonald's тука, но имаме бургер од McDonald's, а тој веројатно е најстар чизбургер во светот, па сметам дека не треба да се жалиме многу“ – се пошегувал Смарасон.

Исланд е меѓу малкуте земји во светот, во кои спаѓа и Македонија, кои немаат ресторан McDonald's.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.