Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Магични фотографии на мајка од нејзините 10 деца

ФОТО: Магични фотографии на мајка од нејзините 10 деца

Во детството магијата изгледа реална, а фантазиите немаат граници. Една мајка го става својот живот на пауза за да го овековечи тој волшебен и безгрижен период од животите на нејзините десет деца.

Лиза Халовеј создава драгоцени спомени за своите најмили. Користејќи ја до максимум убавината на природната светлина, самоуката мајка на седум сина и три ќерки на секоја фотографија се обидува да ја долови уникатноста на секој член на нејзиното големо семејство.

„Кога ќе погледнам во очите на моите деца, сакам да ги видам нивните души. Мислам дека токму поради тоа кај портретите се насочувам кон поспокојни и замислени изрази на лицата, одошто кон големи насмевки“ – изјавила таа во интервју за My Modern Metropolis.

Фотографии на Лиза Халовеј

38-годишната мајка гледа на многуте деца како на благослов. „Да си мајка на 10 деца е прекрасно! Никој никогаш не е осамен и во мојот дом никогаш не е тажно или здодевно. Куќата е полна со смеа, љубов и добра енергија. Грижата за десет деца не е мала работа... Треба многу планирање и организирање. Има денови кога се чувствувам како да ми е потребен одмор, но искрено, не би го менувала тоа за ништо на светот“ – дополнила таа.

Погледнете ги фотографиите кои го обиколија светот.

Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј Фотографии на Лиза Халовеј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.