Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Кучето со најдолги уши на светот влезе во Гинис

ФОТО: Кучето со најдолги уши на светот влезе во Гинис

Кучето со големи уши, Харбор, официјално влезе во Гинис. Тоа го доби признанието „куче со најдолги уши на светот кое сè уште е живо“.

Десното уво на Харбор е долго дури 34,3 сантиметри, а левото 31,1.

Харбор

Неговата сопственичка е горда што Харбор успеал да влезе во Гинис. „Тој беше роден со долги уши“ – изјавила Џенифер Верт и открила дека кога бил мал, Харбор често се сопнувал од своите уши и се тркалал по скалите.

Харбор Харбор

Сега долгите уши веќе не се толку голем проблем за 8-годишниот Харбор, а секогаш успеваат да измамат многу насмевки и да привлечат големо внимание.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11069 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.