Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Контроверзната мајка на 14 деца се соблече за да го покаже телото

ФОТО: Контроверзната мајка на 14 деца се соблече за да го покаже телото

Надја Сулеман, контроверзната мајка која во 2009 година роди осум бебиња зачнати со ин-витро, се соблече речиси гола за да го покаже своето тело. 36-годишната самохрана мајка, која има родено вкупно 14 деца, позираше за списанието Closer.

Надја СулеманНадја го покажува своето тело во фотосесија за „Closer“

Во интервју за списанието таа откри дека сега изгледа најдобро во својот живот и дека одлично се справува со многуте свои деца. Исто така признала дека и покрај тоа што добива многу внимание од мажите, целосно им е посветена на децата и дека немала сексуални односи 13 години.

Иако кога беше бремена со осумте деца нејзиниот стомак беше огромен, таа вели дека веднаш се вратила во форма. „По породувањето веднаш се вратив во форма како ластик, не знам како го направив тоа. Јадам како коњ, не бројам калории и никогаш сум немала вага. Се здебелив колку еден човек додека бев бремена и од 63 килограми стигнав до 120, но два месеца подоцна, повторно се вратив на големина 8. Сега никогаш не се мерам со вага“ – изјавила таа и дополнила дека уште втората недела по операцијата со царски рез започнала да прави по 50 стомачни вежби секој ден.

Оттогаш таа интензивно вежба трипати неделно. Нејзините тренинзи траат по два часа и тоа навечер додека нејзина пријателка ги чува децата. „Сега трчам по 64 километри неделно, секогаш кога мајка ми или пријателка можат да ги чуваат“ – изјавила таа.

Надја СулеманНадја Сулеман кога беше бремена со осумте деца

Надја открила дека многу мажи покажуваат интерес кон неа, но дека засега таа не планира да издвојува време за љубовен живот.

„Добивам премногу внимание од мажите, но нема да се состанувам додека моите осум деца не наполнат 18 години. Сега живеам за нив. Знам дека многу жени сакаат внимание од мажите, но јас излегувам без шминка, носам тренерки, перика и дури и лажно бремено стомаче за да ги оттурнам од себе. Не ја исклучувам можноста да имам врска во иднина. Но сега, кога ќе ме погледне некој маж, се вртам на другата страна за да не ми приоѓа. Знам дека сум убава. Не ми треба маж да ми го каже тоа“ – рекла таа.

„Во целибат сум 13 години и планирам да останам така додека осумте деца не наполнат 18 години. Досега имам спиено само со двајца мажи. Првиот беше кога имав 20 години. Со него бевме во контакт и тој е мојот донор на сперма, но сега не зборуваме. Вториот беше кога имав 21 година. Ми беше момче пет години. Се обидувавме да имаме деца, но не успеавме“ – објаснила таа.

Надја беше во брак со Марко Гутиерез, но се разделија во 2000 година затоа што не можеа да имаат деца, а тој не сакал Надја да забремени по вештачки пат.

Пред неколку години Надја ја разлути американската јавност бидејќи продолжи со вештачко оплодување иако беше невработена самохрана мајка на шест деца. Надја тогаш имаше шест деца (10-годишниот Елаја, 9-годишната Амери, 8-годишниот Џошуа, 6-годишниот Ејден и 5-годишните близначиња Кејлеб и Калиса – сите родени со вештачко оплодување) и сепак реши да го искористи истиот донор на сперма за да го прошири своето семејство.

„Се фаќав за глава и си мислев: Ох, Господе, те молам да не бидат осум. Но, немаше шанси да ги абортирам, тоа би било убиство“ – објаснила таа.

Во јануари 2009 година таа роди шест момчиња и две девојчиња.

Надја со своите децаНадја со своите деца

Сега Надја вели дека одлично се справува со тешката задача да биде добра мајка на 14 деца. „Децата имаат структура и дисциплина и јадат само здрава храна. Тие не знаат што се тоа бонбони! Одлично си ја завршив работата со нив“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10610 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.