Малите деца знаат да плачат и да се смеат поради различни причини, а понекогаш и кога нема никаков повод за тоа.
Таткото Грег Пемброк се инспирираше од својот син и го создаде сајтот „Reasons My Son Is Crying“ (Причини поради кои плаче син ми). На него, тој објавува фотографии од родители од целиот свет кои ги споделуваат случките заедно со комичните причини поради кои плачат нивните деца.
Мафините не излегоа од рерната ладни
Не му дозволив да го изеде остатокот од топката за рагби
Ѝ кажав дека не може да се омажи со татко си (или со брат си)
Го запозна Iron Man без неговиот костим
Мораше да си ги измие забите
Му реков дека не му треба крема за сончање кога врни
Не може да ги држи сите три пијалаци истовремено
Не сум во базенот со него
Не сакаше да излезе
Не можеше да ја отвори кесата со житарки со вилушка
Не ѝ дозволив да си го измие лицето со сунѓерот со кој ја чистам ВЦ школката
Микробрановата печка му го изеде ручекот
Нејзиниот брат ѝ се придружи за појадок
Не можев да го поправам неговиот крекер
Му кажав дека е премногу мал за да гледа Breaking Bad
Го скршив кашкавалот на половина
Не можеше да ги стави сите боици во една рака
Ѝ реков да престане да си игра со ѓубрето
Не му дозволив да ги испрска дрвата со крема за сончање
Сакав да ја ставам неговата искористена пелена во кантата
Кучето му беше на патот додека се обидуваше да ја турне столицата
Не сакав да поминам преку „мостот“
Го запозна Барак Обама
Реков дека не може да го земе дома вагонот од продавницата полн со розови чорапи
Дозна дека имам друго име освен „Мама“
Добија нови капи
Мислеше дека ако се обои во зелена боја, ќе порасне во неверојатниот Халк
Неговата вечера не е готова
Не му дозволив да заврши со јадењето на кал
Нејзината торта со сладолед беше ладна
Ме виде кога се пресоблекував
Само „грда“ облека беше останата во нејзините фиоки
Му кажав дека не може да го задржи како милениче
И неговиот брат беше на лулашката
Реков „добро утро“
Не му дозволив да го излиже килимот од пред вратата
Ѝ кажав дека Дарт Вејдер е лош
Кучето на соседите не е надвор
Не ја сакаше бананата која НЕ му беше понудена
Дозна дека неговата супа е домашно приготвена
Праша кога ќе може да биде бебе повторно, јас му одговорив „никогаш“
Сам си ја истрижа косата
Не ѝ дозволив да ја носи валканата долна облека како капа
Не му дозволив да ја користи четката за заби, која претходно ја фрли во тоалетот
Го запозна Бил Мареј
Не сакаше да си одиме (иако постојано му кажувавме дека не одиме никаде)
Не му дозволив да си стави тетоважа
Не сакаше да ја дели дупката за ногата со сестра си
Некој ги изеде сите мафини (тоа беше тој)
Ѝ падна сметката која ни ја дадоа на бензинска станица
Мајли Сајрус беше на телевизија
