• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Дрвото украсено со скоро 10000 бојадисани јајца

21 април 2011, 11:26
  • cподели

Празникот Велигден прави секоја домаќинка да се претвори во вистински уметник и да создава што поинтересни декорации за домот и се разбира, да бојадиса што поубави јајца.

Но, ретко кој може да му конкурира на проектот на Волкер и Криста Крафт, пензионери од Германија, чиешто дрво е накитено со 9 800 рачно декорирани јајца.

Нивното дрво за првпат било накитено во 1965 година со само 18 јајца. Но, како што поминувале годините, бројот на јајцата се зголемувал за сега да се доближи до 10 000.

Дрвото со јајца

Денес и китењето на дрвото не е така лесно како што било во 1965г. На Крафт му се потребни 2 седмици и многубројни качувања и слегувања од дрвото за да може да ги нареди сите јајца.

Дрвото со јајцаВолкер со своето шарено дрво

75-годишниот старец го започнал овој животен проект за неговите деца, кои уште од мали, па сè до ден денес рачно декорираат јајца за да се зголемува колекцијата.

Дрвото со јајца

Сите обесени јајца се празни за да се спречи расипувањето, а најголем дел од нив се украсени со христијански симболи.

Дрвото со јајца Украсени јајца

Волкер планира наредната година заедно со семејството да направат 200 јајца, да стигнат до 10 000 и со тоа да го завршат проектот. Единствената причина за крајот на проектот е што Волкер веќе нема простор каде да ги чува многубројните кутии со јајца.

Tags
јајца
Велигден

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.