Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бразилка бесплатно тетовира жени за да им ги прикрие лузните од насилство

ФОТО: Бразилка бесплатно тетовира жени за да им ги прикрие лузните од насилство

Лузните честопати се траен потсетник на мрачни случки кои би сакале да ги заборавиме. Бразилка им помага на жртвите на насилство, вешто прекривајќи им ги лузните со прекрасни тетоважи.

Флавија Карваљо го создала проектот „A Pele da Flor“ откако нејзина клиентка побарала да ѝ покрие лузна од насилен напад. Емотивната реакција на жената кога ја видела тетоважата била пресудна за Карваљо да продолжи да им помага на жени кои преживеале насилство или биле принудени да си направат мастектомија.

Тетоважи

„Сè започна пред околу две години кога работев со клиентка која сакаше да си покрие голема лузна на стомакот. Таа ми кажа дека била во ноќен клуб и кога го одбила мажот кој ѝ пришол, тој ја прободел со нож. Кога ја виде завршената тетоважа, таа беше многу трогната и тоа добре длабоко во мене. Одеднаш ми светна идејата да им обезбедувам бесплатни тетоважи на жени кои имаат лузни како резултат на семејно насилство или мастектомија. Секоја тетоважа ќе дејствува како инструмент за зајакнување и зголемување на самодовербата“ – изјавила Флавија за The Huffington Post.

Тетоважи Тетоважи

Талентираната артистка тврди дека по добивањето на тетоважите, жените стануваат посамоуверени и оптимисти. „Тие се возбудуваат, стануваат оптимисти. Прекрасно е да гледаш како врската со нивното тело се менува откако ќе ја добијат тетоважата“ – изјавила таа.

Тетоважи Тетоважи Тетоважи ФотографијаТетоважа на жена која дознала дека има агресивен рак и била принудена да си направи мастектомија.

Карваљо цели да ја зголеми свеста за семејното насилство и вели дека сите жени се како цветови и заслужуваат кожата да им биде заштитена и украсена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.