Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бон Џови изненади хумано момче кое има тумори на мозокот

ФОТО: Бон Џови изненади хумано момче кое има тумори на мозокот

Џон Бон Џови се појави на мал хуманитарен настан во Њу Џерси за да му ја исполни желбата на 9-годишно момче кое има тумори на мозокот кои не можат да бидат оперирани.

Марио Карпино не можел да ја сокрие радоста кога неочекувано бил посетен од Бон Џови додека четврта година по ред продавал лимонада со цел собирање на пари за истражувања за ракот кај децата. За време на средбата среќното момче постојано го прегрнувало својот „херој“.

Марио и Бон Џови Марио и Бон Џови Марио и Бон Џови

Марио освен што е храбар борец, е и инспиративен хуманитарец кој во изминативе четири години има собрано 150.000 долари за фондацијата „Alex's Lemonade Stand Foundation“.

Откако пред извесно време Марио пројавил желба да се сретне со Бон Џови, неговата мајка Ана преку социјалните мрежи го поканила славниот пејач на настанот, но никој не очекувал дека поканата ќе биде прифатена. Веста за хуманитарниот настан стигнала до ушите на 52-годишниот рокер преку неговиот син. Бон Џови без двоумење одлучил да го поддржи Марио.

Марио и Бон Џови

На 4-годишна возраст Марио бил соочен со лоша дијагноза – четири тумори на мозокот кои не можело да бидат оперирани. Докторите прогнозирале дека ќе живее само три месеци. За среќа, лекувањето се покажало успешно и му го продолжило животот на Марио. По неколкугодишно лекување со хемотерапија, докторите велат дека туморите кај Марио се „стабилни“, но постои опасност тие да продолжат да растат. Семејството на Марио е посветено на хуманитарната работа за да се пронајде лек и ниту едно дете да не треба да минува низ таква тешка битка која понекогаш трае со години, а понекогаш завршува трагично. Во текот на годините Марио загубил многу пријатели поради рак, па неговата желба да помогне е огромна.

И покрај болеста, Марио има весел дух и позитивен став кон животот. „Ништо не може да ве понижи, ништо не може да ве повлече надолу, никој не смее да ви кажува да престанете да верувате“ – изјавило хуманото момче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.