Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Божиќните декорации во замокот на кралицата Елизабета

ФОТО: Божиќните декорации во замокот на кралицата Елизабета

Божиќното украсувањето на Виндзорскиот замок веќе започна. Во омилената резиденција на кралицата Елизабета II и нејзиниот сопруг, принцот Филип, се работи со полна пареа за замокот да изгледа магично за божиќните празници. Кралскиот пар го поминува целиот месец декември во оваа резиденција, но Божиќ традиционално се прославува во Сандрингемскиот дворец.

Декорации Декорации

Со оглед на тоа што во Виндзорскиот замок ќе се одржуваат повеќе активности во текот на декември, чија организаторка е самата кралица Елизабета, просторот мора да изгледа совршено. Се внимава и на најситните детали, а особено е важно постигнување на топла празнична атмосфера.

Декорации Декорации

Првите фотографии од подготовките веќе беа објавени и од нив е јасно дека замокот ќе блесне во сиот свој сјај штом декорациите ќе бидат комплетирани. Годинава изборот падна на златни декорации, кои одлично се вклопуваат во раскошниот амбиент во замокот.

Декорации Декорации

Грандиозната новогодишна елка доаѓа од паркот на Виндзорскиот замок и е висока 6 метри. Декорациите со кои се покриени гранките на елката се во топла златна боја, исто како и поголемиот дел од замокот. На врвот од елката е поставен традиционалниот украс во форма на ангел, а особено се интересни прекрасно изработените, ситни украси во форма на кралски круни.

Декорации Декорации

Познато е и како ќе изгледа кралската трпеза, за чија перфекција се задолжени батлери кои посветено ги полираат блескавите елементи и златниот прибор за јадење. За божиќниот ентериер на замокот избрана е и уште една елка, висока 4,5 метри и декорирана со темноцрвени украси кои одговараат на раскошните бордо и златни нијанси во просторијата во која е поставена.

Декорации Декорации Декорации Декорации Декорации Декорации Декорации

2017 година е од големо значење за кралицата Елизабета II и принцот Филип. Кралскиот пар годинава ја прослави 70-годишнината од нивниот брак и по тој повод беа направени нови брачни фотографии на кои парот среќно позираше во истите пози како во нивната младост.

Декорации Декорации Декорации

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.