Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бодибилдерка зависна од вежбање, сака да стане уште помускулеста

ФОТО: Бодибилдерка зависна од вежбање, сака да стане уште помускулеста

Рене Кембел е најмускулестата бодибилдерка во Велика Британија, но сè уште не е задоволна од својот изглед и сака уште поголеми мускули.

Рене

35-годишната мајка на две деца признава дека страда од бигорексија (опседнатост со развивање на мускулатурата) и пет дена седмично вежба по 2 часа за да ги зголеми своите и онака големи мускули.

Рене

Во моментов Рене тежи 84,8 килограми, а има желба да достигне тежина од над 120 килограми.

Рене

„Нема да престанам додека не станам поголема. Ги гледам момците во фитнес салата кои се 120 килограми и помислувам дека сакам да бидам толку голема. Ја обожавам мускулестата естетика, да изгледаш како грчки бог. Тоа е форма на уметност“ – изјавила таа за The Sun.

Секојдневно Рене консумира по 4.200 калории преку шест оброци составени од пилешко, ориз и зеленчук. Таа со себе носи и вага со која ги мери оброците во рестораните.

Рене

Разведената мајка е британски шампион, а нејзината наредна цел е да стане светски шампион. Рене започнала да вежба пред четири години.

РенеЛево: Рене пред да започне да се занимава со бодибилдинг Десно: Рене денес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.