Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бебе тешко 7 килограми е најтешкото новороденче во Кина

ФОТО: Бебе тешко 7 килограми е најтешкото новороденче во Кина

Новороденче постави рекорд во Кина. Со тежина од неверојатни 7,03 килограми, Чун Чун е најтешкото бебе родено на територијата на Кина.

Чун ЧунЧун Чун

Големото момче дошло на свет со помош на операција со царски рез која траела 20 минути. Мајката признала дека очекувала големо бебе, но никогаш не си ни замислувала дека тежината на Чун Чун ќе надмине 7 килограми.

Чун Чун

„Почувствував дека моето тело е потромаво од времето кога бев бремена со мојата ќерка. Мојот стомак беше поголем. Претпоставував дека бебето ќе биде меѓу 4,5 и 5 килограми. Но, никогаш не очекував да слушнам дека тежи 7 килограми“ – изјавила Ванг.

Чун Чун

Таткото на момчето изјавил дека неговата сопруга изгледала нормално и дека е горд на својот син. „Мојата сопруга не беше поразлична од другите бремени жени. Таа јадеше и пиеше нормално, како што и требаше. Но, роди толку голем и дебел син. Многу сум среќен“ – изјавил тој.

Чун Чун тежи двојно повеќе од просечното новороденче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11438 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.