Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Авантуристички пар направи 22 свадби низ цел свет

ФОТО: Авантуристички пар направи 22 свадби низ цел свет

Алекс Пелинг и Лиса Грант се необичен пар кој одлучил возбудата од свадбениот ден да ја доживее не еднаш, туку 30 пати. Заљубениот пар досега си го има кажано судбоносното „да“ 22 пати, на 22 различни локации низ светот.

Британскиот пар има направено свадба со делфини на Хаваи, свадба на која се облечени како вампири во Холивуд, свадба според традицијата на Маите на плажа во Мексико... Свадбените фотографии се доказ за радоста на авантуристичкиот пар, кој секогаш се стреми да направи свадбена церемонија според локалните обичаи и традицијата на местото во коешто се наоѓа.

Лиса и Алекс
Лиса и Алекс Лиса и Алекс
Лиса и Алекс Лиса и Алекс

Алекс и Лиса ја започнале авантурата на својот живот минатото лето. Тие сакале да пропатуваат низ светот и во текот на патувањето да пронајдат идеално место за својата свадба. Продале сè што поседувале и тргнале на големото патување со своето комбе Пеги, старо 25 години.

„По чаша или две вино се роди идејата и одлучивме да направиме мала церемонија во секоја држава која ќе ја посетиме. На крајот на нашето патување, ќе го избереме нашето омилено место за официјално да стапиме во брак“ – изјавиле тие.

Лиса и Алекс Лиса и Алекс Лиса и Алекс под водаЛиса и Алекс под вода
Лиса и Алекс Лиса и Алекс

Бидејќи немаат многу пари, Алекс и Лиса живеат во своето комбе и ги организираат свадбите благодарение на поддршката на многу луѓе. „Буџетот е многу мал, но некако успеваме да се снајдеме. Нашиот најголем трошок е горивото, а пазаруваме во локалните продавници за да ги редуцираме трошоците за живот. И се разбира, немаше да можеме да си дозволиме да правиме свадба секоја недела ако не беше дарежливоста на фотографи, нашите семејства и луѓе кои ги среќаваме на нашите патувања. Сите ни помагаат да направиме сè бесплатно или со минимални трошоци, затоа што сакаат да шириме љубов и да бидат дел од нашата авантура“ – изјавиле тие за „Дејли Мејл“.

Лиса и Алекс Лиса и Алекс Лиса и Алекс

Алекс и Лиса тргнале да ја прослават својата љубов, а откриле дека таа им се зголемува со секој изминат ден. Тие тврдат дека се заљубени еден во друг многу повеќе отколку пред да тргнат на големото патешествие.

„Заедно сме 24 часа на ден, седум дена во неделата и живееме во комбе. Организираме свадби, го споделуваме возењето, си ја делиме работата на блогот и секој ден наизменично приготвуваме појадок за в кревет еден за друг. Ако има нешто што би ни кажало дека сме родени еден за друг, тоа е преживувањето на ова патување без ниту една кавга. Сè уште имаме трема пред секоја церемонија“ – изјавиле среќните младоженци.

Лиса и Алекс Лиса и Алекс Лиса и Алекс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.