Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 19-годишна жртва на напад со киселина дефилираше на модната недела во Њујорк

ФОТО: 19-годишна жртва на напад со киселина дефилираше на модната недела во Њујорк

Решма Кереши е 19-годишна Индијка која смело ја покажува својата убавина и покрај тоа што го изгуби едното око и целото нејзино лице е со лузни како последица на напад со киселина. Инспиративната девојка дефилираше на ревија на Њујоршката недела на модата и привлече големо внимание.

Кереши беше дел од модното шоу на индиската дизајнерка Арчана Кохар.

Решма Кереши Решма Кереши

Кереши била потурена со киселина во 2014 година од страна на сопругот на нејзината сестра и негови пријатели. Напаѓачите планирале да ја унаказат сестрата на Решма, но поради тоа што и двете носеле бурки, киселината по грешка ја истуриле врз лицето на Решма.

Во Индија, зад ваквите напади најчесто стојат лица кои сметаат дека одредена блиска личност го „извалкала името на нивното семејство“. Според „The Guardian“, во Индија има од 500 до 1.000 вакви случаи годишно.

Решма Кереши Решма Кереши Решма Кереши

Минатата година, Решма започна да снима видеа за „Make Love Not Scars“. Во нив, таа споделува совети за шминка, за на крајот да ја открие страшната вистина за секојдневните напади со киселина во Индија. Нејзина цел е да се забрани слободната продажба на концентрирана киселина, укажувајќи дека кога е во погрешни раце, тоа завршува со трагедија.

Решма Кереши Решма Кереши

„Ова е првпат што сум во Њујорк и многу сум возбудена. Сметам дека е важно луѓето да ја слушнат приказната за преживеаните од напад со киселина и да знаат дека тие можат да водат нормални животи“ – изјавила девојката од Мумбај.

„Оваа ревија ми е многу важна, бидејќи постојат многу девојки како мене кои се жртви на напад со киселина и ова ќе им даде храброст. Исто така, ова ќе им покаже на оние лица кои ѝ судат на личноста според надворешниот изглед, дека не треба да ја оценуваат книгата по нејзината корица и дека треба да ги гледаат сите луѓе со исти очи“ – додала таа.

Решма Кереши Решма Кереши Решма Кереши Решма Кереши

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.