Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес ѕвезда сподели фотографија од стомакот со искрена порака за телото по породувањето

Фитнес ѕвезда сподели фотографија од стомакот со искрена порака за телото по породувањето

Алекса Џин Браун е фитнес ѕвезда со 2 милиони следбеници на Instagram. Смелата мајка сподели фотографија од големиот стомак, четири недели по раѓањето на второто дете, за да им пренесе важна порака на сите мајки за телото по породувањето.

Во описот на фотографијата, таа пишува дека женското тело е неверојатно и дека секоја мајка треба да биде горда што може да создаде нов живот, без да чувствува притисок да изгледа совршено веднаш по породувањето.

Алекса Џин Браун

Ова сум јас 4 недели по породувањето. Колку што е моја работа да ве мотивирам, верувам дека исто толку моја работа е да бидам искрена со вас. Нашето општество ни ја всади во главите идејата дека жените треба да се вратат во добра форма непосредно по породувањето, но тоа едноставно е нереално. Тоа е невозможно за повеќето од нас.

Имам повеќе стрии и витки на стомакот и тоа е сосем НОРМАЛНО и е ВО РЕД. Се сеќавам дека кога бев на половина од бременоста, онлајн видов жена со рамен стомак и стомачни мускули еден ден по породувањето и си помислив: „Се надевам дека и јас ќе можам да го постигнам тоа.“

Веднаш почувствував притисок дека и јас треба да изгледам така. Кога ќе се навратам на првиот ден по породувањето, моето тело беше помеко и повиснато одошто по моето прво дете. Колку и да бев вознемирена што не си го вратив телото од пред бременоста, не можам да не бидам одушевена што ова тело создаде две прекрасни деца.

Ако сте опседнати, засрамени, или барате оправдување за изгледот на вашето тело, дури и да немате родено дете, ПРЕСТАНЕТЕ. Нашите тела се неверојатни и прекрасни и ние треба да го сакаме секој дел од нив. Многу љубов до сите прекрасни мајки!

Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун Алекса Џин Браун

Во текот на бременоста, Алекса постојано споделуваше видеа од своите тенинзи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11124 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.