Почетна » Новости » Занимливости » Трета во историјата: Жена е лауреат на Нобелова награда за физика за првпат по 55 години

Трета во историјата: Жена е лауреат на Нобелова награда за физика за првпат по 55 години

Дона Стрикленд е меѓу тројцата научници кои оваа година станаа добитници на Нобелова награда за физика. За првпат по 55 години, жена е лауреат на оваа престижна награда.

Канадската физичарка влезе во историјата како третата жена која е почестена со ова високо признание.

Лауреати на Нобелова награда за физика

Дона, Жерар Муру и Артур Ешкин беа наградени за нивните достигнувања во областа на ласерската физика.

Признанието им е доделено на Дона и Жерар за нивниот метод за генерирање на високо-интензивни и ултра-кратки оптички импулси што се применуваат во корективната очна хирургија.

Ешкин беше награден за развивањето на ласерска техника, позната како оптичка пинцета со чија помош се проучуваат биолошките системи. Воедно, со своите 96 години, тој е и најстариот добитник на Нобелова награда во историјата.

Тројцата лауреати ќе поделат премија од девет милиони шведски круни.

Лауреати на Нобелова награда за физикаАртур Ешкин, Жерар Муру и Дона Стрикленд

Стрикленд изјавила дека не знаела дека има само две жени пред неа кои ја добиле оваа награда, но е среќна што им се придружува. „Мора да ги славиме жените физичари, бидејќи ние постоиме. Среќна сум што сум една од тие жени“ – изјавила таа.

Лауреати на Нобелова награда за физика

Марија Склодовска - Кири е првата жена добитничка на оваа награда. Таа во 1903 година беше избрана за лауреат како признание за исклучителниот придонес во истражувањето на феноменот на радиоактивноста. Кири е единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката – физика и хемија.

Марија Геперт - Мајер во 1963 година стана втората добитничка во оваа категорија за предлагање на слоестиот модел на атомското јадро.

Лауреати на Нобелова награда за физикаМарија Кири, Дона Стрикленд и Марија Геперт-Мајер

Церемонијата на доделување на наградите на лауреатите, традиционално ќе се одржи на 10 декември, на денот на смртта на основачот на Нобеловите награди, Алфред Нобел.

Лауреати на Нобелова награда за физика

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.