Почетна » Новости » Занимливости » „Тоа ми беше најубавиот момент во животот“: Мајка го сними првиот збор на 5-годишната ќерка со аутизам

„Тоа ми беше најубавиот момент во животот“: Мајка го сними првиот збор на 5-годишната ќерка со аутизам

Мајка сподели видео, во кое нејзината 5-годишна ќеркичка со аутизам го кажува првиот збор, и предизвика лавина од позитивни коментари. Многумина споделија свои искуства како родители на аутистични деца.

Видео

Видеото беше објавено од мајката Бријана Блекеншип, а таа подоцна напиша и текст во кој објасни низ што сè поминале со ќеркичката за таа да го изговори првиот збор „МАМА“.

Малата Тејлор рекла за првпат „Мама“ на паркингот на McDonald’s додека со Бријана се упатувале на тренинг по гимнастика. Возбудената мајка веднаш го грабнала телефонот и започнала да снима додека солзите се слевале по нејзиното лице.

„Плачам многу на паркингот на McDonald’s и вработените веројатно мислат дека сум луда. По патот ја слушнав Тејлор како вели МАМА. За оние кои не знаат, Тејлор има 5 години и е невербален аутист. НИКОГАШ нема кажано ниту збор. НИКОГАШ. Само што го изговори тоа, го грабнав телефонот и започнав да снимам. Сигурна сум дека зад мене се направи редица, но морав да имам доказ. Не можам да објаснам колку многу сум благодарна и возбудена во моментов“ – напиша таа.

Во својот текст, Бријана објасни дека додека Тејлор била мала, никој не прогнозирал дека таа ќе има аутизам. Само еднаш, кога таа имала две и пол години, нивен пријател им дал совет да ја одведат на доктор зашто постојано се вртела во круг, но Бријана и сопругот го отфрлиле советот како злобен коментар од некој кој нема видено бебе цели 20 години.

Тејлор Тејлор

Следувале месеци поминати во фрустрирачки обиди Тејлор да прозборува. Кратко време пред да наполни 4 години, родителите морале да го прифатат фактот дека таа има аутизам.

„Чувствував неуспех како родител. Немав претстава што е аутизам и бев убедена дека јас сум причината што моето бебе го има. Како и многу други родители, со сопругот тажевме за ‘пропаднатата’ иднина која ја сонувавме за нашата ќерка. За аутизмот слушавме само во негативен контекст како во виралните видеа за дете кое имало напад в продавница.“

„Ги гледаш сите тие осудувачки погледи и ужасни коментари кои ги обвинуваат лошите родители што не биле доволно грижливи да погледнат во светот на детето и да видат што навистина се случува. Премногу ја сакаме и се плашевме за нејзината иднина во овој честопати злобен свет“ – пишува Бријана и додава дека на почетокот залудно се обидувале да им ја објаснат на луѓето состојбата на ќерка си, но дека подоцна престанале да се грижат што мислат другите.

„Потоа престанавме да се обидуваме да им објасниме на луѓето што се случува и научивме да ги игнорираме осудувачките погледи. На крајот на краиштата, што ми е гајле што мисли некој непознат кој никогаш повторно нема да го видам за моите родителски способности. Знаеме дека сме најдобрите родители што можеме да бидеме и имаме ќерка која нè сака повеќе од сè на светот. Не постои нешто што не би го направила за неа. Сме останувале без здравствено осигурување за да можеме да платиме за нејзиното и за сите лекарски прегледи. Се откажав од работата за која сонував за да се преселам во Алабама за да ја имаме поддршката од роднините за Тејлор“ – објаснува Бријана.

Тејлор

„Она што не ви го кажуваат за аутизмот е колку силно го прави семејството. Секој успех се слави 10 пати повеќе зашто требало и толку подолго време за тој да се случи. Ништо не земаме здраво за готово кога станува збор за семејството. Викендот кога беше Денот на мајката, Тејлор започна да вели и ТАТО. Тејлор и другите луѓе како неа се сметаат за невербални сè додека да можат успешно да комуницираат вербално со цели реченици и да ги искажат своите желби и потреби. Ова се нашите први големи чекори кон целта и со нетрпение го очекувам денот кога ќе можам да си купам прекривка за безбедносниот појас на која повеќе нема да го има натписот НЕВЕРБАЛНА“ – вака таа го завршува текстот.

Тејлор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.