Почетна » Новости » Занимливости » „Те гледам. Јас сум ти. Не си сама“: Блогерка со фотографии и порака за онаа страна на неплодноста за која никој не зборува

„Те гледам. Јас сум ти. Не си сама“: Блогерка со фотографии и порака за онаа страна на неплодноста за која никој не зборува

Блогерката Седи Кеј се отвори за нејзината борба со неплодноста, за болката која ја чувствува со секој негативен тест за бременост, за моментите кога плаче на подот, но и за моментите кога се исправува и полна со надеж продолжува понатаму.

Бидејќи ѝ било смачено постојано да ја покажува само својата среќна страна на социјалните мрежи, Седи одлучила да покаже дека не е сè совршено во нејзиниот живот. Таа апелира да се нормализираат разговорите за неплодноста, а на жените кои минуваат низ истото им порачува дека не се сами.

Сите фотографии се направени од сопругот на Седи.

Седи Кеј

Неплодноста има две страни... Страната која ви ја покажуваме... насмевките, изјавите полни надеж и прекрстените прсти во лекарскиот кабинет.

Потоа, постои страната која вие не ја гледате, борбата... Борбата е дел од приказната. Кога моите колена ме издаваат и ќе паднам во неговите раце, тој ќе ми шепне: „Ова не те крши, те создава“.

Но, чувството е како да ме крши.

Зошто не ги нормализираме разговорите за неплодноста? Нели сите познаваме некој кој поминал низ тоа во некаков степен? Тогаш зошто се однесуваме како тоа да е срамна табу тема која би требало да ја чуваме во приватност?

Неплодноста е многу нешта, но приватноста не е дел од нив. Таа е ден полн со нешта кои во твоето лице те потсетуваат што сè ти недостига. Таа ползи низ твојот личен и твојот социјален живот како што лозата ги обвива дрвјата.

Ме прашувате како сум. Јас ви одговарам: „Добро сум“. Но, како и многу други жени, скршена сум, бидејќи најубавото и најприродното нешто што жената може да го понуди е живот, а јас не можам да го направам тоа.

Овие фотографии болат, но тие се реалноста која ја искусуваме часови пред да се собереме себеси и да станеме од подот за да се упатиме на училиште, на работа или на некој друштвен настан.

Седи Кеј Седи Кеј

До оние кои се како мене и месец по месец паѓаат на подот, скршени зашто универзумот повторно рекол НЕ...

Те гледам. Јас сум ти. Не си сама.

Се чувствуваш беспомошно... Се обидуваш да се контролираш додека светот слави околу тебе. Се чувствуваш луто и посрамотено поради грутките во стомакот кога некоја пријателка ќе соопшти дека е бремена. Знаеш дека си повеќе од среќна за неа, само си неверојатно тажна што твоето патување стигнало до тоа горчливо и изолирано место.

Седи Кеј

Знаеш дека рекламите за бременост не се намерно пуштени. Тие непознати лица кои првпат ги гледаш не знаат дека се бориш со неплодност додека ти велат дека можеш да земеш едно од нивните немирни деца дома... Тие пријатели и роднини кои ти велат дека си млада и дека имаш време само сакаат да те утешат. Тие не знаат дека го слушаш тоа по 20-ти пат оваа година, ниту пак ги знаат финансиските проблеми, неподносливите моменти или храброста што ја имаш тој ден.

Седи Кеј

Нема вистинска утеха за неплодноста.

Но, јас те гледам. Јас сум ти. Не си сама.

Кршењето на срцето секој месец е најгласната тишина која постои и тешко е да ја споделам оваа страна од приказната. Би требало да ја покажуваме нашата среќа. Социјалните мрежи се за да се покажуваат сите совршени моменти. Но, животот не е совршен, нели сестро?

Моментите не се секогаш совршени и уморна сум да се преправам дека мора да бидат. Ова е мојата приказна која ја споделувам со тебе.

Те гледам.

И се надевам дека по 45-минутна сесија на плачење, ќе ги избришеш солзите, ќе ги облечеш „панталоните на голема девојка“ и ќе се подготвиш за уште еден месец исполнет со надеж.

ТИ СИ ВОИН.
(и го заслужуваш ова.)

Држи се, дури и кога ти се чини дека не можеш да издржиш уште долго време.
Те гледам. Јас сум ти. Ние не сме сами.

Ова не те крши.
Те создава.

Седи Кеј
Седи Кеј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.