Почетна » Новости » Занимливости » Татко на четири ќерки покажува како е да се живее под ист покрив со 5 припаднички на понежниот пол

Татко на четири ќерки покажува како е да се живее под ист покрив со 5 припаднички на понежниот пол

Сајмон Хупер има преку 706.000 следбеници на својот профил на Instagram. Оваа ѕвезда на социјалните мрежи живее во Лондон, со својата сопруга и четирите ќерки, две од кои се идентични близначки. За својот живот вели дека е навидум смирен и префинет, но во суштина е ужасно хаотичен и гласен. „Всушност, зошто жените мора да се постојано гласни?“ е само едно од прашањата кои го мачат Сајмон, во врска со живеењето со 5 жени.

Преку фотографиите што ги споделува на Instagram, овој татко на четири ќерки им овозможува на своите следбеници директен поглед кон своето секојдневие исполнето со врева, караници и неред, но и многу забава, смеа и љубов.

Договорот помеѓу Сајмон и неговата сопруга Клеми бил дека оптимално е да се има три деца. Добивањето на близначките, кога веќе имале две ќерки, било вистинско изненадување и Сајмон морал да научи да биде татко, не на две, туку сега на четири ќерки. За себе шеговито вели дека жали што засекогаш ќе остане малцинство во сопствениот дом.

Колку и да е хаотично, животот под ист покрив со четири девојчиња и една жена, Сајмон не би го менувал за ништо на светот. „Секако, на почетокот сакав да имам син за да го продолжи презимето и за да имам со кого да играм рагби, но сега девојчињата се сѐ што можев да посакам, дури и повеќе од тоа. Гласно е и емоциите се секогаш на највисоко ниво, а мојата улога е да го задржам мирот, да бидам смирен, грижлив и да ги поддржувам сите, вклучувајќи ја и Клеми. Луѓето сѐ уште ме прашуваат дали ќе се обидам да имам и син, но мојот одговор е дека веќе имам сѐ што ми треба“ – вели Сајмон.

Неговиот профил на Instagram, освен што е навистина шеговит, е воедно искрен и реален. Тој, на уникатен и хумористичен начин, им покажува и на останатите татковци дека сите се соочуваат со истите проблеми при одгледувањето на децата. А кога станува збор за семејство во кое доминира женскиот пол, предизвикот е уште поголем. Сајмон шеговито вели дека тој нема никакви права во својот дом, но дека е горд што е татко на четири ќерки. „Тешко ми е да поверувам дека одгледувам четири млади жени во свет во кој сѐ уште постои нееднаквост помеѓу родовите. Се обидувам да ги охрабрам моите девојчиња да бидат најдобрите верзии од себе, да бидат инспирирани од моќни жени кои успеале да си го пробијат патот и да постигнат сѐ што наумиле дека сакаат“ - објаснува Сајмон.

Погледнете дел од неговите фотографии и одлучете и самите како е да се живее под ист покрив со пет припаднички на понежниот пол:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11272 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.