Почетна » Новости » Занимливости » Социјален експеримент: Колку лесно се лажат децата да заминат со непознат човек?

Социјален експеримент: Колку лесно се лажат децата да заминат со непознат човек?

Нов социјален експеримент ги оживеа најлошите кошмари на секој родител и покажа колку лесно децата се лажат да заминат со непознат човек, спротивно на лекциите на кои ги учат нивните родители.

YouTube ѕвездата JoeySalads е личноста зад експериментот кој поттикна многу родители да започнат посериозно да зборуваат на тема „Разговарање со непознат човек“. Во видеото, Џои со дозвола од родителите им приоѓа на децата во детски парк и со помош на своето слатко куче ги убедува да заминат со него, велејќи им дека ќе им покаже и други кучиња.

Сите мајки на кои Џои им пристапува велат дека секој ден ги учат своите деца да не разговараат со непознати и со голема доза на убеденост му возвраќаат дека детето нема да разговара со него. За жал, сите погрешија, бидејќи децата, по краток разговор со Џои, го напуштаат паркот рака за рака со него.

„Дневно се киднапирани повеќе од 700 деца, тоа е повеќе од четвртина милион годишно. Дали се вашите деца безбедни?“ – вели Џои на крајот од видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11577 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.