• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Скопско Smooth – промовирано новото пиво на Пивара Скопје

27 април 2016, 13:51
  • cподели

Денес со иновативна прес-конференција, беше промовирано новото пиво од Пивара Скопје, Скопско Smooth со што и официјално се означи почетокот на уште една успешна пивска приказна. Ова пиво за инспирација го зема СКОПСКО македонската бренд икона, за на новите генерации да им понуди пиво кое е питко со свеж и балансиран вкус.

Скопско Smooth

Скопско Smooth е првото пиво во Македонија кое e произведено од 100% арома хмељ по најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната иновација на Пивара Скопје во усовршување на процесот на производство. Со процесот на ладна филтрација се избегнува процесот на пастеризација што овозможува Скопско Smooth да остане свежо како да е штотуку наточено. Скопско Smooth е светло пиво со мазен рафиниран и освежувачки вкус, 4.5% алкохол и 90 дена рок. Тоа го прави најсвежото пиво на пазарот.

Скопско Smooth Скопско Smooth Скопско Smooth

„Како иновативна компанија Пивара Скопје е насоченa кон развој на најдобри брендови и услуги со цел да им обезбеди на конзументите најдобро искуство и доживување вредно за споделување. Пивара Скопје се стреми да остави печат на позитивните промени, развој на пивската култура и да внесе свежина во животот на конзументите. Како резултат на тоа настана Скопско Smooth“, изјави Генералниот Директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

Инспирирано од бунтовната енергијата на младите Скопско Smooth е пиво со став, пиво кое има многу што да каже и покаже и кое го дели истиот прогресивен и свеж дух кој е одлика на младите и сите оние кои се чувствуваат млади.

„Скопско Smooth е произведено со ладна филтрација, технологија со која се вбројуваме меѓу првите пивари во регионот и една од трите пивари во Heineken кои ја користат оваа иновативна технологија. Токму тоа заедно со врвните состојки кои се дел од сите наши пива на Скопско Smooth му даваат еден поинаков и прогресивен карактер“, изјави Кирчо Стојанов, менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје.

Пивара Скопје со оваа иновација уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации во сите сегменти на работењето како дел од долгорочниот план за развој на пивската култура.

Tags
Скопско Smooth
Скопско

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.