Почетна » Новости » Занимливости » Семејство создаде свое селце со мали куќарки во кое децата имаат посебен дом и приватност

Семејство создаде свое селце со мали куќарки во кое децата имаат посебен дом и приватност

Семејство создаде свое селце со мали куќарки во Кентаки, а уникатната идеја привлекува внимание на интернет.

Кели и Рајан Бринкс пред пет години купија големо земјиште и на него изградија 6 мали куќарки и мала штала за животни. Најголемиот објект е домот на брачниот пар кој зафаќа површина од 26 m2, а останатите две живеалишта се на нивните две деца – 18-годишната Ленокс и 16-годишниот Броуди – и зафаќаат површина од по 14 m2.

Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс

Домот на родителтие

Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс

Домовите на децата

Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс

На имотот се наоѓа и објект со две бањи, куќарка со базен и гостинска куќа. Пред секоја од куќарките има патека која води до место каде што има огниште и клупи и кое служи за семејни собири.

Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс Семејството Бринкс

На овој начин двете деца имаат приватност, сами се грижат за својот дом и се посамостојни, а истовремено се во близина на родителите. Тие сами си го избирале дизајнот и типот на куќарките.

„На почетокот, мојот сопруг сакаше сите да бидеме во едно живеалиште, но јас спорев со него во полза на децата за тие да имаат своја приватност“ – изјавила Кели.

Целта на семејството била да живее поекономично, поскромно и посамостојно.

„Исто е како да имаш своја соба. Но, наместо да имаме ходници, ние сме надвор. Ми се допаѓа независноста. Вака не ги вознемирувам родителите со бучавата“ – рекла Ленокс.

„Кога живеевме во куќа, децата поминуваа многу време во своите соби. Ќе слезеа долу за да каснат нешто или кога имавме оброк. Исто е и во селото. Како тинејџери, тие поминуваа многу време во своите куќарки, а во нашата доаѓаа само за јадење. Ако ни требаа за нешто, само ќе им тропневме на влезната врата наместо како порано на врата од спалната соба“ – рекла мајката Кели.

Семејството го рециклира отпадот, а остатоците од храната им ги дава на кокошките. Во нивното домаќинство има многу малку отпад. Сите употребуваат платнени торби за пазарување и многу ретко користат машина за сушење алишта.

„Ги учиме децата колку е скапоцена Земјата и да придонесат во нејзино зачувување и ги охрабруваме другите да го прават истото. Семејната блискост, свежиот воздух, тренинзите надвор, одгледувањето храна и добрата грижа за животните за тие добро да се грижат за нас – сакаме ова да им го пренесеме нив и на следните генерации“ – додава Кели.

Семејството Бринкс Семејството Бринкс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.