Почетна » Новости » Занимливости » „Се грозев од себеси“: Маж ослабе 40 килограми и сега освојува женски срца со привлечниот изглед

„Се грозев од себеси“: Маж ослабе 40 килограми и сега освојува женски срца со привлечниот изглед

Маж, кој се срамел и грозел од сопственото тело, ослабе 40-тина килограми и сега освојува женски срца со привлечниот изглед.

„Потенцијалот е неограничен ако ги надминеш стравот и изговорите“ – вели Грант Сандерс од Лас Вегас, кој пред девет години ја започнал трансформацијата.

„Како дете, секогаш бев силен и мускулест. Растејќи како „непланирано дете“ со 4 поголеми браќа и сестри, изборот за храна ми беше она што е најлесно. Исто така, спортував голем дел од мојот живот и бев одличен во бејзбол. По натпреварите, моите родители ме наградуваа со голем хамбургер и помфрит. Овие навики продолжија во голем дел од моето детство и доведоа до моите 114 килограми во последната година од средното училиште“ – објаснува Грант.

„Не се чувствувам како јас да сум бил некогаш оваа личност, но немав вистинска мотивација да се сменам. Имав ветувачки талент за бејзбол и имав девојка. Животот беше убав и удобен“ – додава тој.

Грант Сандерс Грант Сандерс Грант Сандерс

Грант долго време се соочувал со проблеми со грбот и грчеви во нозете, но продолжил да тренира бејзбол, бидејќи не сакал да се откаже од спортската кариера.

Еден ден, Грант направил рендгенска снимка и докторите откриле дека има фрактура на 'рбетот. Тогаш, тој сфатил дека неговата иднина во спортот завршува.

Грант Сандерс

Разочараниот Американец имал депресивен период и прекумерно јадел, а недоволната физичка активност довела до покачување на килограмите. Кратко време подоцна, раскинал со својата девојка.

Тоа бил моментот кога Грант сфатил колку е несреќен со своето тело и начинот на живот. „Знаев дека сакам да се сменам, но не знаев како. Имав витки на стомакот и колковите и се грозев од себеси“ – вели тој.

Со здрава исхрана и напорни тренинзи, Грант си го трансформира изгледот до непрепознатливост и сега посветено се грижи да го одржува своето тело во добра форма.

Грант Сандерс Грант Сандерс Грант Сандерс Грант Сандерс Грант Сандерс Грант Сандерс

Сандер им порачува на родителите да им „всадуваат“ здрави навики на децата. „Ако го читате ова и ако сте родител, ве молам обидете се да вклучувате здрави навики во вашето домаќинство. Децата не знаат што е најдобро за нив, а многу е тешко да се накренат по нездраво детство“ – порачува тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.