Почетна » Новости » Занимливости » Реклама која ги насолзува очите: „Мојот татко лаже“

Реклама која ги насолзува очите: „Мојот татко лаже“

Секој добар родител се жртвува за среќата на своето дете. Видеото на осигурителната компанија MetLife од Хонгконг има моќ да ги трогне сите родители кои даваат сè од себе за своите најмили.

На почетокот на емотивната реклама, татко чита расказ кој неговата мала ќерка го напишала за него.

„Татко ми е најслаткиот татко на светот. Тато е најзгодниот, најпаметниот, најостроумниот, најдобродушниот... Тој е мојот супермен. Тато сака да напредувам на училиште. Тато едноставно е прекрасен. Но, тој лаже...“

„Лаже дека има работа. Лаже дека има пари. Лаже дека не е уморен. Лаже дека не е гладен. Лаже дека ние имаме сè. Лаже дека е среќен. Лаже заради мене... Го сакам татко ми“ – пишува на листот.

Да, родителите често ги лажат децата и никогаш не жалат за тоа што свесно се саможртвуваат за нивното добро.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.