Почетна » Новости » Занимливости » Реклама и на мувите

Реклама и на мувите

Рекламирање со мувиИнвентивно рекламирање со муви

Навистина денес рекламата е насекаде околу нас. Фирмите постојано измислуваат нови начини да го привлечат вниманието на своите потрошувачи. Понекогаш рекламите се толку инвентивни што нема како да ги заборавите.

Таков е случајот со германската компанија Ајхборн. За да ја промовира својата изложба, на саемот на книгата во Франкфурт, компанијата измисли уникатен и досега невиден начин за рекламирање – реклама прикачена на муви.

Во просторијата каде се одржувал саемот биле пуштени 200 муви, на кои биле залепени мали лентички со реклама за фирмата. Мувите каде и да летале го привлекувале вниманието на посетителите.

Лентичките биле залепени со природен восок, кој по неколку часа паѓа, па ниту една од мувите не била повредена.

Погледнете како изгледа рекламирањето со помош на муви.

Реклама на муви

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.