Почетна » Новости » Занимливости » Реакцијата на мајка кога на породување дознава дека роди син иако мислела дека носи девојче

Реакцијата на мајка кога на породување дознава дека роди син иако мислела дека носи девојче

Фотографија од родилка која дознава дека доби момче стана вирален хит на социјалните мрежи, бидејќи во текот на целата бременост нејзе ѝ велеле дека носи девојче.

Ненси Реј

Фотографијата ја сподели фотографката Лорен Џоли и напиша: „Ви имам ли кажано за моментот кога го фотографирав раѓањето на третото девојче на оваа прекрасна мајка, само за таа да дознае дека е МОМЧЕ! Ова е моментот кога таа сфати дека го држи нејзиниот сладок син (ми се допаѓа тоа што поверија двапати хахаха). Сè уште сум во шок поради ова“.

Ненси Реј дознала дека е бремена по третпат во април минатата година, а во јуни ѝ соопштиле дека бебето е женско. Ненси и нејзиниот сопруг Вил веќе имале две ќерки, па можете да замислите колку слатко изненадување им приредил нивниот син кога се родил.

„15 минути откако се роди син ми, требаше да ја сечеме папочната врвца, а јас реков:‘ШТО Е ТОА?!? Дали е ова машко бебе?’ Навистина, беше момче. Мојот сопруг брзо му ја подигна ногата за да провери, а потоа буквално падна на подот. (На фотографијата погоре, тој проверува!) Секогаш ќе советувам да имате фотограф при породувањето, бидејќи ова е една од моите омилени фотографии на сите времиња“ – напиша мајката Ненси на Instagram.

Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј

Се разбира, и останатите членови од семејството биле изненадени од слатката вест.

Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј Ненси Реј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.