Почетна » Новости » Занимливости » Радмила и Мартин, лица со оштетен слух го отворија во Битола првото знаковно кафуле

Радмила и Мартин, лица со оштетен слух го отворија во Битола првото знаковно кафуле

Радмила Периќ и Мартин Ангелов, кои минатата година отворија кафуле во Скопје, заради пониски трошоци, а и заради градот кој е познат по културата на пиење на кафе, го преселија истото во родниот град на Мартин, Битола.

Кафетеријата „Улав сте“ е лоцирана покрај реката Драгор, на почетокот од Старата битолска чаршија. И ако некогаш престојувате во Битола, влезетe во него. Ќе ве пречекаат гостопримливи сопственици и интересно мени. Станува збор за прв кафе бар во државава во кој домаќините се лица со оштетен слух, и со своите гости комуницираат на знаковен јазик. Оштетениот слух не им беше пречка на Радмила и Мартин да го остварат својот сон, туку предизвик да покажат дека промените ги правиме сами, без себеограничување.

Улав сте

Ова е место кое ќе ви понуди нешто сосем поинакво од она на што сте навикнати. Имено, вработените се со оштетен слух, што ќе ве натера да почнете да комуницирате со знаковен јазик. Доколку не го знаете, имате шанса да учите, зошто менијата се направени така да ви објаснат како да нарачате.

„Оваа одлична идеја има и племенита цел, а тоа е да им се даде шанса на лицата со оштетен слух да работат, но и да ги научат другите по нешто за нивната комуникација и за нивниот тивок свет.“

Улав сте

„Фантастичен пример кој треба да покаже дека дека лицата со хендикеп треба да бидат отворени за промени и да не се повлекуваат во својот свет. А општеството да даде поддршка и да не ја користи онаа позната административна реченица 'Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис' - ќе раскаже Мартин.

Оштетениот слух кај него и Радмила, не беа пречка за да развијат одредена бизнис-идеја. Размислуваа помеѓу кафетерија, фарма за животни или нешто трето.

Пред повеќе од една година оваа идеја ја развија во Скопје, но решија да се преселат во Битола. Така што навистина сме среќни што токму нашиот град го добива првото знаковно кафуле.

Улав сте

„Нема да пишеме ништо, затоа што немаме зборови за да го опишеме она што го правиме. Благодарни на сите вас, што сте наша поддршка, што не охрабривте и што ја споделивте љубовта ваша кон нас, да сме еднакви луѓе со оштетен говор и слух. Овој пат одиме појако, посилно и достоинствено во нашата Битола, сместени покрај реката Драгор, над Ленски Мост и на нашите битолчани им го носиме најубавото кафе од Наполи, Италија .... кафето Kimbo“ - стои на нивната објава по социјалните медиуми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.