Почетна » Новости » Занимливости » Приказната зад виралната фотографија од мајка која спие со својата ќерка во детско креветче

Приказната зад виралната фотографија од мајка која спие со својата ќерка во детско креветче

Фотографијата од мајка која спие во бебешкото креветче на ќерка си го обиколува светот, а приказната зад неа ќе го трогне секој родител.

На неа, Дејна Мегер спие стуткана до својата мала ќерка Луела, прегрнувајќи ја со една рака. Глетката била овековечена од сопругот на Дејна, кога тој се вратил од работа и ја нашол својата истоштена сопруга во креветчето.

Дејна одлучила да ја сподели фотографијата на Facebook заедно со трогателната причина зошто го направила тоа. Прочитајте го нејзиниот текст:

Дејна Мегер

Ова се случи пред неколку недели, да, се качив во креветчето со надеж дека ќе го смирам моето мало разврескано, зацрвенето, прекриено со солзи мало девојче на кое му никнуваат заби. Мојот сопруг нè начека вака и сакав да го споделам ова, бидејќи доловува какво е моето срце и го објаснува моето „зошто“... Бев во пикот на истоштувачкото прекрасно нешто кое го нарекуваме мајчинство, кога се сетив на ветување кое ѝ го дадов на мојата ќерка.

Еден од првите пати кога Мет и јас ја оставивме Луела беше за да одиме на христијански концерт. За време на конференција, мисионер сподели своја приказна која ме потресе. Тоа беше момент кој засекогаш ќе остане врежан во моето ранливо, преплавено со хормони, мајчинско срце, кое стана стопати поранливо откако ја сретнав неа.

Тој мисионер бил во сиропиталиште во Уганда. Претходно бил и во многу други сиропиталишта, но ова било многу поразлично. Влегол во детска соба со над 100 креветчиња со бебиња. Слушал со зачуденост, бидејќи владеела тишина. Тоа е вистинска реткост во која било детска соба, а не пак во детска соба каде лежат повеќе од 100 бебиња. Се свртил кон одговорната личност и ја прашал зошто собата е тивка. Нејзиниот одговор никогаш, никогаш нема да го заборавам. НИКОГАШ. Тоа беше мојот „зошто“ момент.

Таа го погледнала и рекла: „Откако поминаа една недела тука и плачеа безброј часови, тие на крајот прекинаа кога сфатија дека никој нема да дојде по нив...“

... Тие престануваат да плачат кога ќе сфатат дека никој нема да дојде по нив. Ниту по 10 минути, ниту по 4 часа. Најверојатно никогаш...

Бев скршена. Буквално можев да ги соберам парчињата од моето срце распрснати насекаде по подот на аудиториумот. Но наместо тоа, во мене се разбуди копнеж, глад. Ветување.

Се вративме дома и таа ноќ кога Луела го одмораше своето тело од 4,5 килограми над моето и нишавме, јас ѝ дадов ветување. Ѝ ветив дека секогаш ќе доаѓам кај неа,

Секогаш.

Дека во 2 часот по полноќ кога жалостиви очајни врисоци ќе се слушнат од бебифонот, јас ќе одам кај неа.

Дека кога првпат ќе се повреди, кога првпат ќе ѝ го скршат срцето, ние ќе бидеме покрај неа. Дека ние ќе бидеме таму да ја држиме, ќе ѝ дозволиме да носи сопствени одлуки. Преку нашите солзи и понекогаш фрустрации ќе ѝ покажеме дека е ОК да плаче, дека е ОК да има чувства. Дека ние секогаш ќе ѝ бидеме безбедното место и секогаш ќе одиме кај неа.

Текстот на Дејна стана вирален хит на социјалните мрежи со речиси 25.000 споделувања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.