Почетна » Новости » Занимливости » Приказна за лојалноста на кучињата не ги остава рамнодушни љубителите на животни

Приказна за лојалноста на кучињата не ги остава рамнодушни љубителите на животни

Приказна за куче објавена на социјалната мрежа Reddit растопува срца низ светот.

Есејот бил напишан на темата: „Кога сакано куче ќе премине на другата страна, мора да донесе одлука - да премине преку Мостот на виножитото и да го почека својот сопственик или да се придружи на Будната стража и да го брани светот од злите духови.“

Корисникот Euthenios трогна илјадници љубители на животни со оваа приказна:

Куче

Еве го неговиот одговор:

Последното нешто на кое се сеќавам е кога Мојот Човек ме однесе на Боцкавото Место.

Никогаш не сфатив зошто Мојот Човек ме носи на Боцкавото Место. Миризбите беа силни и тие ме боцкаа со остри нешта. Затоа го викав Боцкаво Место. Тоа беше лошо место. Не ми се допаѓаше.

Не знам зошто Мојот Човек ме однесе таму токму тој ден. И онака не се чувствував добро. Повраќав, колковите и шепите ме болеа. Дури и јадењето трева не ми помагаше. Потоа Мојот Човек ме одведе на Боцкавото Место. Се обидов да му се налутам, но тој изгледаше многу тажно, па се обидов да мавтам со опашката за да го развеселам. Не ни забележав кога Боцкавиот Човек ме боцна.

Потоа очите ми натежнаа и тоа е последното нешто на кое се сеќавам.

Бади. Слушнав глас. Бади, разбуди се.

Ги отворив очите и се исправив на нозе и сфатив дека шепите не ме болат повеќе. Се обидов да мавтам со опашката и тоа не ми беше проблем. Го помирисав воздухот. Мирисаше како Паркот за Игра и како Нашиот Дом и Автомобилскиот Прозорец. Многу ми се допадна.

Добредојде Бади – повторно ми рече гласот кој доаѓаше од зад мене.

Се свртив и таму имаше човек. Не беше Мојот Човек, но изгледаше безбедно и мирисаше добро, па му верував.

Каде сум? – прашав.

Ти си на местото каде што одат Добрите Кучиња – ми рече човекот.

Бев Добро Куче? – прашав.

Беше Многу Добро Куче – ми рече.

Тоа беше добро. Отсекогаш се обидував да бидам Добро Куче.

Каде е Мојот Човек? – прашав.

Тој сè уште е таму долу – ми рече човекот. Потоа замавна со раката и одеднаш бевме во Нашиот Дом, а Мојот Човек седеше на Забранетата Столица и изгледаше тажно. Одвреме-навреме ќе погледнеше кон Дозволениот Кауч, каде што ми дозволуваа да седам, а здивот му застануваше од тага. Се обидов да се погалам од него, но носот само ми помина низ неговата рака.

Што се случува. Не разбирам – реков.

Човекот воздивна. Не можеш да бидеш со него сега, Бади. Жалам. Така стојат нештата.

Се замислив. Значи тоа е како Мојот Човек да е на Човековиот Кревет каде мене не ми е дозволено да одам? – го прашав.

Точно така – рече човекот. Но, тој може еден ден повторно да биде со тебе. Ако избереш да го чекаш.

Се разбира дека сакам да го чекам – му реков. Да не го чекам Мојот Човек? Со кој мисли дека разговара тој?

Почекај Бади – ми рече човекот. Нешто го растажуваше. Не е толку едноставно. Имаш избор. Клекна на колено и ме погледна в очи. Има лоши нешта на овој свет, Бади. Многу лоши нешта.

Како мачката на соседот? – прашав.

Многу полоши од неа Бади. Замавна со раката и видов за што зборува. Ми покажа мрачни нешта, како змии и стаорци, само полоши. Полоши од Машина што Смука. Полоши од Боцкавото Место. Мирисаа на зло.

Сите овие нешта сакаат да го повредат. Сакаат да ги повредат сите. Можеш да го почекаш или да го заштитиш. Но, ако избереш да го заштитуваш, никогаш повторно нема да го видиш.

Што, никогаш? – запрашав.

Човекот кимна. Никогаш Бади. Жалам. Такви се Правилата. Изборот е ужасен.

Си ги погледнав шепите. Не сакав да не го видам Мојот Човек повторно. Но, многу повеќе од тоа сакав да го заштитувам.

Знам што треба да направам – му реков. Човекот замавна со раката и одеднаш бевме на место каде што имаше повеќе кучиња одошто сум видел некогаш.

Сите овие се Добри Кучиња кои одлучиле да ги заштитуваат своите сопственици – ми рече човекот.

Ги погледнав сите. Сè уште не можев да поверувам. Но, има многу од нас – му реков. Колку Добри Кучиња има овде?

Човекот погледна надолу во мене. Ми се насмевна, но можев да видам дека сè уште беше малку тажен. Сите, Бади. Секое од вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.