• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Претпоставете дека можам“: Моќна кампања ги предизвикува стереотипите за лицата со Даунов синдром

21 март 2024, 10:40
  • cподели

Моќно видео цели да ги сруши стереотипите за лицата со Даунов синдром.

Во него, моделот Медисон Тевлин зборува за навредливите начини на кои се третирани лицата со екстра хромозом. Кампањата е насочена да нè поттикне да ги поддржуваме овие лица и да веруваме во нивните способности, бидејќи на крајот од денот, нашата верба во нив ќе ги поттикне да блеснат во најдобро светло.

Еј шанкеру, ти претпоставуваш дека не можам да пијам маргарита, па не ми служиш маргарита и затоа јас не пијам маргарита. Твојата претпоставка станува реалност.

Родители, вие претпоставувате дека не можам да живеам самостојно, па не ме охрабрувате да живеам самостојно и затоа јас не живеам самостојно.

Тренеру, ти препоставуваш дека не можам да удирам посилно, па не ме тренираш да удирам посилно и затоа јас не удирам посилно.

И учителу, ти претпоставуваш дека не можам да ги науам делата на Шекспир, па не ме учиш дела од Шекспир и затоа јас не знам дела од Шекспир.

Но, хеј... доколку вашите претпоставки стануваат реалност, тогаш препоставете дека можам да пијам маргарита, па ќе ми служите маргарита и јас ќе пијам маргарита.

Претпоставете дека можам да живеам самостојно, па јас ќе живеам самостојно.

Претпоставете дека можам да удирам посилно, па јас ќе удирам посилно.

Претпоставете дека можам да научам дела од Шекспир, па јас ќе научам дела од Шекспир.

Претпоставете дека можам да ја вршам таа работа, дека можам да одам на забави, дека можам да бидам на сцената...

Претпоставете дека можам, па можеби ќе можам.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Денес е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Даунов синдром

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.