Почетна » Новости » Занимливости » Пресреќни родители на петорка направиле слатки празнични честитки за првиот Божиќ на нивните 5 бебенца

Пресреќни родители на петорка направиле слатки празнични честитки за првиот Божиќ на нивните 5 бебенца

Секојдневјето во домот на семејството Дрискел е исцрпувачко, но секогаш забавно. Има денови кога сопружниците Бријана и Џордан мораат да променат околу 60 пелени и да наполнат 35 шишенца со млеко. Ако се прашувате што се случува во нивниот дом, одговорот е: Овие млади луѓе се родители на 5 бебиња.

Божиќни честитки Божиќни честитки

Нивната среќа што добиле 5 здрави бебенца откако со години се бореле со неплодноста била неизмерна. Парот решил да прослави со фотосесија и изработка на божиќни честитки со слатката петорка и да ја сподели својата радост со семејството и пријателите. „Толку долго посакував семејство така што сега сум и повеќе од возбудена што можам да испраќам честитки со моите бебиња“ – објаснува среќната мајка.

Божиќни честитки Божиќни честитки

Двете братчиња и трите сестрички позираат заедно облечени во складни бебешки божиќни аутфити, а особено е симпатична фотографијата на која бебенцата се подредени според натписите на нивните маички: „Јас бев добро“, „Јас не“, „Јас бев немирно“, „Јас исто така“, „Јас сум ангелчето“. Оваа фотографија ѝ е омилена и на фотографката Ешли поради добро уловените изрази на нивните лиценца.

Божиќни честитки

Божиќните празници ѝ биле омилени на 30-годишната мајка. Но, таа секогаш се растажувала кога добивала божиќни честитки со дечињата на нејзините пријателки, бидејќи борбата со неплодноста за неа била речиси неиздржлива. „Тоа беше многу тешко за мене. Секако дека се радував за моите пријателки, но во истото време се плашев да го отворам поштенското сандаче. Беше болно бидејќи сѐ што сакав е да бидам мајка“ – раскажува Бријана. Во таквите моменти ѝ се родила желбата и таа да направи божиќни честитки со своето дете, доколку некогаш успее да забремени.

Божиќни честитки

Бријана била подложена на третмани за подобрување на плодноста неполни две години. Штом дознала дека е бремена, нејзиниот гинеколог успеал да детектира биења на пет здрави срценца. „Бев во толкав шок што не можев да зборувам. Само седев и зјапав во екранот“ – вели таа. Изненадувањето било огромно, но веднаш следувало и разочарување. „Докторот строго ни советуваше да направиме селективна редукција или да ја прекинеме бременоста затоа што можноста за здрава бременост и 5 здрави бебенца беше речиси никаква. Тоа за мене не беше ниту опција“ – раскажува мајката.

Божиќни честитки Божиќни честитки Божиќни честитки

Бријана била тврдоглава и решила да ги задржи сите пет плодови, иако бременоста била опасна и за нејзиниот живот. Храбрата трудница била хоспитализирана кога била во 22. недела од бременоста, а сите 5 бебенца биле предвремено родени со царски рез, во мај годинава. Петорката останала во болница сѐ до јули, а сега е во нивниот топол семеен дом во Кентаки, каде што сите одлично напредуваат.

Божиќни честитки Божиќни честитки Божиќни честитки Божиќни честитки Божиќни честитки

Трката со потребите на 5 бебиња истовремено бара голем ангажман. „Само што ќе ги нахраниш сите пет, треба да ги измиеш шишенцата и наскоро да започнеш сѐ одново“ – вели 26-годишниот татко. И покрај тоа што постојано се уморни, овие родители велат дека никогаш не биле посреќни. „Благословена сум што сите се здрави. Не можам да побарам ништо повеќе од тоа“ – ја завршува својата приказна мајката на бебенцата.

Божиќни честитки Божиќни честитки Божиќни честитки Божиќни честитки Божиќни честитки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11481 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.