Почетна » Новости » Занимливости » „Пресекувајте ги зрната грозје за деца“: Мајка ги предупредува родителите откако ќерка ѝ за малку ќе се задушеше

„Пресекувајте ги зрната грозје за деца“: Мајка ги предупредува родителите откако ќерка ѝ за малку ќе се задушеше

Мајка со предупредувачка објава ги потсетува родителите дека треба да им ги сечат зрната грозје на нивните малечки.

Откако нејзината 4-годишна ќеркичка за малку ќе умрела од залетнато зрно грозје, Лаура Чемберс напиша текст на Facebook во кој го раскажа нејзиниот кошмар.

Лаура брзала да ја дочисти куќата и ѝ дала на ќеркичката да јаде неисечено грозје, мислејќи дека таа е доволно голема за да внимава. За жал, нејзините претпоставки биле погрешни.

Грозје

Синоќа, Оливија за малку ќе умреше. Јас бев виновна. Ѝ направив закуска нејзе и на брат ѝ – една рака грозје и житарки.

Тоа беше првпат да ѝ дадам непресечени зрна откако ја слушнав веста за кутрото момче кое умре задушувајќи се од грозје. Си реков, таа има речиси 5 години и не е тип на дете кое набрзина лапа храна за да се удави, а и брзав да завршам со чистењето на куќата.

Па, така таа замина со чинијата со закуска на горниот кат за да продолжи да си игра со својот брат. Јас продолжив да чистам со правосмукалката. За среќа, ја исклучив кога слушнав дека стои на најгорната скала. Веднаш знаев што се случило. Истрчав кај неа. Не можеше да дише.

Таа сакаше да го изџвака зрното грозје, но тоа ѝ се слизна во грлото, а потоа замина надолу и се заглави. Ја превртив наопаку и ја удирав колку што можев посилно помеѓу плешките и пак ништо. Ме гледаше со смрт во очите, а нејзините усни започнаа да помодруваат, бидејќи воопшто не можеше да дише.

Конечно, Џејми успеа да ѝ направи некаков маневар со кој ова зрно грозје што го гледате на фотографијата летна и се истркала на другиот крај од собата.

Лежам тука и ја гледам како спие. Плачев во најголем дел од ноќта и срцето ме боли кога ги гледам нејзините гради, на кои сè уште има гребаници од нокти бидејќи таа се драпаше обидувајќи се да го ослободи грлото за да земе воздух.

ВЕ МОЛАМ, ВЕ МОЛАМ ова нека биде потсетник за сите родители. Животот за малку ќе ми се променеше засекогаш синоќа и сè поради мојата непромисленост.

#cutthegrapes #safteyfirst
#nevertooold #parenting #parentingadvice

Експертите постојано предупредуваат за опасноста од давањето цели зрна грозје на деца и се категорични дека зрната треба да се сечат надолж.

ГрозјеОбјава на мајка чие дете за малку ќе се задушеше од зрно грозје пред неколку години

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.