Почетна » Новости » Занимливости » Пред и потоа: Актерка која си го трансформираше изгледот мотивира на Instagram

Пред и потоа: Актерка која си го трансформираше изгледот мотивира на Instagram

Актерка го постигна изгледот кој отсекогаш го посакувала преку напорни тренинзи и здрава исхрана, а сега инспирира и мотивира и други лица да го следат нејзиниот пример.

Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис

Инана Саркис се преселила од Канада во Калифорнија пред околу пет години за да стане актерка, а минатата година ја доби својата прва позначајна улога во филмот „After“. 26-годишната девојка на социјалните мрежи има повеќе од 10 милиони фанови на Instagram и 3,5 милиони на YouTube.

И покрај славата, Инана признава дека до пред една година воопшто не била среќна, а сето тоа се должело на нејзиниот изглед и ниската самодоверба. Тогаш таа тежела 75 килограми, а била висока 165 сантиметри.

„Добивав стотици илјади лајкови на фотографиите, но имаше моменти кога седев и зјапав во телефонот, а во реалноста не бев среќна со себе“.

„Имав 70 килограми, на висина од 165 сантиметри. Никој не забележуваше, бидејќи го позиционирав телото на одреден начин за никој да не забележи или се фотографирав на одреден начин. Не сакав да го едитирам моето тело, па си реков подобро е да ги преземам потребните мерки за да имам такво тело“ – раскажува таа во видео за нејзиното фитнес патување.

Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис

Промените во изгледот, според Инана, најмногу се забележале кога се насочила кон нов режим на исхрана. Моментално, нејзината тежина е 55 килограми.

„Кога започнав да слабеам, чувствував дека луѓето го потценуваа вложениот труд и дисциплината. Ќе ми речеа: ‘Колку ослабе? Две кила?’. Им возвраќав: ‘Не, намалив добри 15 килограми и добив мускули’. Ми требаше долго време за да бидам среќна со мојот изглед. Никогаш не го покажував тоа, секогаш го прикривав. Имам чувствително срце, но не сакам да покажувам колку сум ранлива“.

„За мене слабеењето не беше за да изгледам добро, туку за да се чувствувам добро, да бидам самоуверена, да можам да ги инспирирам и мотивирам другите. Добриот изглед е само бонус. Тоа е поентата на ова патување – да ми е удобно во сопственото тело и сакам сите да почувствуваат колку е убаво чувството да се гордееш со себе. Одлично е“ – вели мотивациски таа.

Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис

Сега, Саркис ја користи својата популарност за да допре до други личности кои не се задоволни со изгледот и да им докаже дека „ако таа може, можат и тие.“

„Открив дека можам да ги користам социјалните мрежи за да се изразам себеси и да ги охрабрам другите девојки кои се во слични ситуации. Причината што влегов во дигиталниот свет беше да имам повеќе можности во актерството и се докажа дека тоа функционира“ – вели таа.

Инана Саркис

Нов ден, ново потсетување колку далеку стигнав, а причината зошто го споделувам ова е дека можеш и ти! НИКОГАШ не се откажувај од твоите цели! Не станува збор за слабеење, туку за здрави промени во начинот на живот и постигнување на сè што некогаш сум посакувала... посилна јас, однатре и однадвор

Сепак, таа признава дека е екстремно внимателна што постира на интернет, бидејќи како што вели, секој збор може да се сврти против тебе.

„Интернетот е многу чувствително место. Мораш да внимаваш на секоја ситница која ја правиш, бидејќи може тотално да ти го уништи животот за еден ден“ – изјавила Инана.

Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис Инана Саркис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.