Додека над неа бдеат скандалите на Доналд Трамп и гласините за проблеми во бракот, Меланија Трамп официјално соопшти која е нејзината мисија како прва дама на САД – помагање на децата да се справат со малтретирањето онлајн и епидемијата со опоиди.


На лансирањето на кампањата „Be Best“, 48-годишната прва дама се обрати кон присутните во дворот на Белата куќа со зборовите: „Да ги научиме нашите деца на разликата меѓу доброто и лошото и да ги поттикнеме да Бидат Најдобри во нивните индивидуални патеки во животот... Наша одговорност како возрасни е да ги потсетиме децата дека кога го користат нивниот глас, независно дали е вербално или онлајн, тие мора да ги избираат нивните зборови внимателно и да говорат со почит и сочувство.“










