• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Прва предматурска забава на отворено

26 април 2013, 12:02
  • cподели

В сабота во 12 часот во Градски парк во Скопје ќе се одржи предматурска забава на отворено Ѕвони за забава. Станува збор за настан што се организира за првпат во Македонија, на кој матурантите од цела Македонија преку забава со познати водители, пејачи и диџеи, ќе можат да се информираат за повеќе студиски програми и да добијат многу подароци и попусти за нивната матурска вечер.

Забавата е замислена како училиштен ден со седум часа, на кој класни водители ќе бидат Ненад и Ксенија. Предавачи по македонска забавна музика ќе бидат ексклузивците на продукцијата „Горила“: Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска Ена, Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, часови по странска музика ќе предаваат DJ Dela и DJ Branchez, а час по танцување ќе одржат предавачите од студиото за модерен танц „Break a leg“.

Ѕвони за забава

„Сметаме дека ваквиот вид на забава која таргетира матуранти и средношколци е неопходна за овој период на предматурски подготовки. Тинејџерите обожуваат да се забавуваат и квалитетно да го поминат нивното време. Ние, во сабота, освен што ќе понудиме квалитетна забава, присутните ќе ги изненадиме и со многу подароци, ќе делиме ваучери за попуст, а најважно од сè, ќе ги информираме матурантите за можностите по кој пат да чекорат во нивниот живот, кога станува збор за нивното образование“, велат од организацискиот тим на Ѕвони за забава.

Ѕвони за забава

Додека траат часовите по забава, матурантите и останатите средношколци ќе можат да се информираат за студиските програми на повеќе факултети, да добијат ваучери за попуст за производи и услуги за матурската вечер, а предвидени се и други изненадувања и подароци за присутните.

Ѕвони за забава треба да прерасне во традиционална манифестација која обединува забава, образование и култура и ќе се одржува секоја година во овој период. Настанот е во организација на агенцијата „Кликер Маркетинг“, а сите информации можат да се добијат на Фејсбук-страницата „Ѕвони за забава“.

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.