Почетна » Новости » Занимливости » Празнична идеја: Еве како да направите Снешко од пластични чаши

Празнична идеја: Еве како да направите Снешко од пластични чаши

Никогаш не е предоцна за да додадете уште еден новогодишен украс во вашиот дом, особено ако тој плени со уникатност и креативност. И секако, доколку не ви го празни паричникот.

Нова идеја за правење Снешко од пластични чаши привлекува големо внимание на интернет. Видеото од неговата изработка за само 4 дена е прегледувано повеќе од 19 милиони пати, а има речиси половина милион споделувања.

Убавото кај овој Снешко е што е голем, неверојатно впечатлив, евтин и никогаш не се топи.

Видео

Snowman !

Posted by Just Healthy Lifestyle on сабота, 26 декември 2015

Доколку сакате да го направите слаткиот и декоративен Снешко сами, еве што ви е потребно:

  1. Хефталка и многу иглички за хефталката
  2. Околу 250 чаши
  3. Кругови од црн картон кои ќе послужат како очи и копчиња
  4. Капа и шал

Се започнува со правење круг од околу 25 чаши. Чашите се прикачуваат со хефталката. Потоа се прави уште еден таков круг од 25 чаши и се прикачува на првиот. Во третиот и сите останати кругови се намалува бројот на чаши за да се добие форма на полутопка. Со спојување на две полутопки се добива долниот дел на Снешкото.

Целата постапка се повторува уште еднаш за да се формира втора топка. Бидејќи оваа треба да биде помала од претходната, започнете со околу 15-16 чаши, по ваша желба. Направете ја втората топка од горната страна целосна.

Откако ќе ги споите двете топки, Снешкото се декорира.

Ова е одличен проект доколку имате поголеми деца кои ќе ви помагаат и истовремено ќе се забавуваат.

Снешко Снешко Снешко Снешко Снешко Снешко

Друга варијанта е направените полутопки да ги прицврстите на ѕид или на врата.

Снешко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.