Почетна » Новости » Занимливости » Позитивна и ведра: Девојка која го победи ракот одушевува со музичкиот талент

Позитивна и ведра: Девојка која го победи ракот одушевува со музичкиот талент

Џејн Марчевски неодамна ја доби најубавата вест во нејзиниот живот. Таа го победи ракот со кој се бореше три исцрпувачки години.

29-годишната девојка од Калифорнија сподели видео со кое им соопшти на најблиските дека ракот на дојка си замина засекогаш.

„Овојпат засекогаш“ – напиша позитивната девојка во описот на Instagram.

На Џејн ѝ бил дијагностициран рак на дојка во зимата 2017 година, кога ѝ бил пронајден тумор од 4 сантиметри на едната града. Таа помина низ 6 рунди со хемотерапија, а следувале 3 операции, во кои спаѓала и двојна мастектомија.

Во ноември минатата година, прегледите покажале зголемено количество на метастатски тумори во нејзиното тело. 3 големи тумори во белите дробови, бројни мали тумори во црниот дроб, 3 тумори во 'рбетот и безброј тумори низ нејзините ребра... Докторите ѝ прогнозирале само уште 3 месеци живот.

Но, ни тогаш Џејн не се откажа и продолжи да се бори за својот живот.

По макотрпни терапии, денес Џејн може да продолжи да се радува на животот и да го освојува светот со својот музички талент и ведриот дух.

Марчевски постојано споделува видеа во кои ги покажува своите вокални способности. Таа сонува еден ден да стане професионална пејачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.