Почетна » Новости » Занимливости » Откритието кое ќе ја замени маскарата

Откритието кое ќе ја замени маскарата

Нема жена која не посакува да има долги и густи трепки. Убавите трепки ги прават очите поголеми, а погледот позаводлив.

Сега постои решение кое може да им овозможи на жените да имаат убави трепки. Но, не зборуваме за маскарата.

Произведувачот на Ботокс, лекот кој разубавува многу жени низ светот, откри лек во вид на течност што ги поттикнува трепките да растат подолги, погусти и потемни, а со тоа ја елиминира потребата од користење на маскара.

Во моментов компанијата преку клинички испитувања се бори да добие европска лиценца за употреба на новиот лек. Истражувањата треба да утврдат колку време е потребно да се употребува продуктот пред да се појават резултатите и колку време трае ефектот убави трепки. Жените во Америка веќе можат да се радуваат на резултатите од употребата на откритието наречено Latisse.

Луѓето што стојат зад Latisse тврдат дека овој продукт ги прави трепките со 25% подолги, 106% погусти и 18% потемни по 16-неделна употреба.

Резултатите од Latisse Резултатите од LatisseПред употребата и по 16 недели од користењето на Latisse. Резултатите од Latisse Резултатите од LatisseПред употребата и по 16 недели од користењето на Latisse. Резултатите од Latisse Резултатите од LatisseПред употребата и по 16 недели од користењето на Latisse.

Всушност овој лек досега бил користен за лекување на глаукома. Еден од страничните ефекти што се појавувале кај пациентите било растењето на подолги и погусти трепки. Сега компанијата го приспособила лекот за да може да се употребува директно врз трепките и се нанесува исто како маскара.

Навистина интересно откритие што може да ја елиминира употребата на маскара. Единствен минус на продуктот е цената од 100 фунти (околу 7000 денари). Дали жените би го користеле масовно, најверојатно зависи од тоа колку време трае ефектот, т.е. дали финансиски се исплаќа да се замени маскарата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.