Почетна » Новости » Занимливости » „Открив дека тукутака целиот свет ќе ми се сврти наопаку“: Како се менува животот на жените со мајчинството

„Открив дека тукутака целиот свет ќе ми се сврти наопаку“: Како се менува животот на жените со мајчинството

Емотивниот текст на Ејми Ведерли ќе ви ги насолзи очите. Тој не само што ги опишува слатко-горчивите моменти од мајчинството, туку и потсетува колку брзо растат децата и дека пред да трепнеме, тие ќе бидат самостојни и самите ќе имаат свои деца.

Прочитајте го текстот на популарната блогерка:

Дете

Две мали сини линии и открив дека целиот мој свет ќе се сврти наопаку.

Тукутака.

Дете

Девет месеци подоцна, по неколкучасовен пораѓај, медицинската сестра внимателно ми го стави твоето мало ситно лепливо тело на моите гради и јас станав мајка. Од твојот прв здив, јас ти го дадов моето тело и моето срце, а ти стана целиот мој свет.

Тукутака.

Дете

Два дена подоцна, ја напуштивме безбедноста на нашата болничка соба. Возевме со 20 на час по патот, додека јас седев на задното седиште и зјапав во тебе за да се уверам дека си безбеден. Го пречекоривме заедно со тебе куќниот праг и нашата куќа стана дом исполнет со љубов.

Тукутака.

Шест месеци подоцна, научи да се движиш и да се превртуваш, ставајќи в уста сè што ќе го најдеше. Научи да одиш. Научи да се качуваш. Научи да скокаш и сè стана многу понапорно.

Тукутака.

Дете

Една година подоцна, го кажа првиот збор, а по него уште многу, многу зборови. Кажа реченици и научи да свириш и сè стана многу погласно.

Тукутака.

Пет години подоцна, ми ја стегаше силно раката додека стоевме пред големата училишна врата. Знаев дека е време да те пуштам. Го знаев тоа, но не го чувствував. Бев исплашена и ти беше исплашен. Дали другите деца ќе бидат добри со тебе? Дали ќе знаеш каде ти стојат моливите? Дали ќе го запомниш името на твојата учителка? Дали ќе имаш пријатели? Дали ќе имаш место за седење во кафетеријата? Дали ќе ја пронајдеш белешката што ти ја ставив во кутијата со ручек, онаа со големо црвено срце, онаа што ќе те потсетува дека моето срце е со тебе?

Клекнав на колена, те гушнав и ти ветив дека ќе ти биде супер. Те пуштив, и до ден-денес, тоа е најтешкото нешто што некогаш сум го направила. Плачев цел час потоа и само зјапав по полиците во супермаркетот, обидувајќи се да си го пополнам времето додека мислите за тебе ми ја исполнуваа главата. Времето што ќе можам да го минувам со тебе секој ден, се скрати многу.

Туку-така.

Помина многу повеќе време отколку што сакам да признам. Не можам ни да се сетам кога последен пат лежеше на моите гради или кога последен ти требав за да ти ја наполнам чашата со млеко. Не можам ни да се сетам кога последен пат ми дозволи да ти одберам што да облечеш или кога последен пат ми заспа в раце. Помина многу време откако грешно ги изговараше зборовите или се вознемируваше кога одеше на училиште. Помина многу време откако те собираше во количка или ме држеше за рака на паркингот. Помина многу време откако ти беше бебе и ти требав за да те чувам.

Сега имаме вистински разговори. Ми ги кажуваш твоите ставови. Не ми се верува дека си доволно возрасен за да имаш ставови. Ги заменивме бессоните ноќи со ноќи на теренот за бејзбол, малечките шпикозни со нов пар патики. Ги заменивме скршените мрсни боички со скршени срца.

Дете

Ми ги опишуваш твоите чувства со зрели зборови и понекогаш не можам да верувам колку умен стануваш. Ги заменивме цртаните филмови со возења со велосипед за стигнеш кај твоите другари. Ги заменивме приспивните песни со „Чао сине, имај убав ден“. Ги заменивме шишињата со млеко со шишиња со сокови, а куповите играчки со купови валкана облека.

Тукутака.

Дете

Одеднаш сфатив дека ми се допаѓа што си одиш. Те тренирам денес за да го изградиш сопственото утре. Те подготвувам за ти да ја подготвиш твојата иднина. Ти давам сè што имам за да бидеш доволно силен за да си дадеш себеси успешен живот.

Одеднаш сфатив дека моето бебе не е веќе бебе. Одеднаш сфатив дека моето бебе е големо момче, кое брзо станува маж со секој изминат ден.

Секогаш ќе ми го зграпчуваш срцето како што го направи тоа првиот ден, но сега учам да го намалувам стисокот на твојата рака. Учам дека ако сакам да леташ на небото, ќе морам прво да ти дозволам да одлеташ од нашето гнездо.

Секогаш ќе бидам тука со отворени раце. Но, секој ден ти стануваш малку повисок. Гласот ти станува подлабок. Секој ден ти си чекор поблиску до вратата.

Пред да трепнам, ти ќе излезеш и ќе тргнеш по твојот пат да изградиш сопствена група од врати.

Пред да трепнам, ти ќе чекориш на бината за да ја примиш твојата диплома и ќе зачекориш во твојот нов дом. Ќе зачекориш на првиот работен ден и до олтарот со твојата невеста. Ќе зачекориш во болницата за да го држиш сопственото бебе и ќе разбереш колку брзо лета времето.

Тоа бебе ќе ти го грабне прстот и ќе го грабне секое делче од твоето срце, а тогаш за првпат вистински ќе разбереш колку длабоко продира родителската љубов.

Тукутака.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9476 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.