Почетна » Новости » Занимливости » Облечете шарени чорапи, споделете фотографија! Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Облечете шарени чорапи, споделете фотографија! Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Облечете различни чорапи на двете нозе или пак ставете ги најшарените чорапи кои ги поседувате и споделете фотографија на социјалните мрежи со хаштаг #LotsOfSocks или #WorldDownSyndromeDay. Прославете за различностите кои го прават светот поинтересен и позабавен!

Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, ден кој има за цел да ја подигне свеста кај луѓето за ова нарушување. Седењето дома не мора да значи и крај на важните разговори кои ги рушат стереотипите.

Луѓе од целиот свет споделуваат фотографии на социјалните мрежи на кои позираат со различни и забавни чорапи во домашни услови. Придружете им се!

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Носењето различни чорапи е моќна кампања, која ги охрабрува луѓето да носат впечатливи или различни чорапи кои ги слават различностите. Иницијативата има цел да поттикне разговор за инклузијата, уникатноста и прифаќањето на сите луѓе.

Во декември 2011 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Светски ден на лицата со Даунов синдром и ги покани сите земји членки и сите релевантни организации да го одбележуваат овој ден со цел да се подигне свеста.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.