Почетна » Новости » Занимливости » Облечете шарени чорапи! Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Облечете шарени чорапи! Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Облечете забавни шарени чорапи или пак ставете различни чорапи на двете нозе, налакирајте ги ноктите во различни бои... Бидејќи различностите го прават светот подобро место за живеење.

Ајде сите заедно да ја подигнеме свеста за Дауновиот синдром, да започнеме квалитетен разговор за лицата кои го имаат и да пренесеме порака дека тие се уникатни и различни, но не помалку важни од останатите лица. Ајде заедно да му се насладуваме на овој шаренолик свет во кој живееме и да ги срушиме стереотипите кои владеат во општеството.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Денес се слави Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Носењето различни чорапи е моќна кампања, која ги охрабрува луѓето да носат впечатливи или различни чорапи кои ги слават различностите. Иницијативата има цел да поттикне разговор за инклузијата, уникатноста и прифаќањето на сите луѓе.

Во декември 2011 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Светски ден на лицата со Даунов синдром и ги покани сите земји членки и сите релевантни организации да го одбележуваат овој ден со цел да се подигне свеста на јавноста за ова нарушување.

Даунов синдром Даунов синдром

Оваа година глобалната кампања се одвива на тема „Leave No One Behind“ за да се апелира дека сите лица со Даунов синдром мораат да имаат можности да живеат исполнет живот, да бидат еднакви со другите во сите сфери на општеството.

Центарот за Даунов синдром од Македонија ќе го одбележи денот со настанот „I’m rocking this extra chromosome“, кој ќе се одржи денес во 18.00 часот. На настанот учениците од СГГУГС „Здравко Цветковски“ ќе продаваат маички на тема Даунов синдром кои самите ги дизајнираа. Собраните средства ќе бидат донирани во Центарот. Тие ве покануваат да купите маички и да помогнете да бидат собрани повеќе средства.

На 24 март, недела, во организација на мечувалечкиот клуб „Ескрим“ ќе биде организирана трката RUN FOR DOWN, која ќе започне во 11.00 часот во Градскиот парк на Школка.

Лица од целиот свет на социјалните мрежи споделуваат фотографии од своите чорапи или од своите блиски кои имаат екстра хромозом.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.