Почетна » Новости » Занимливости » Нова кралска свадба: Принцот Хари и актерката Меган Маркл се верија

Нова кралска свадба: Принцот Хари и актерката Меган Маркл се верија

Принцот Хари ѝ предложи брак на својата девојка Меган Маркл. 33-годишниот претставник на британското кралско семејство и 36-годишната холивудска актерка ќе стапат во брак следната пролет.

Среќната вест беше објавена преку официјално соопштение од Кенсингтонската палата на Twitter.

Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл

Својата врска со Меган, Хари ја откри пред јавноста во ноември минатата година, преку соопштение во кое побара да запре „бранот од навреди и малтретирање“ кон неа.

Откако во јавноста протече информација за нивната врска, Меган постојано е следена од новинари и фоторепортери, непрекинато е мета на оцрнувачки коментари и навреди, а неретко се пласираат во таблоидите и лажни стории за неа.

„Неговата девојка, Меган Маркл, е мета на бран од навреди и малтретирање. Некои од нив се јавни – оцрнување на насловната страница на национален весник, прикриен расизам во колумни и отворен сексизам и расизам од троловите на социјалните мрежи и во коментарите на статиите на интернет. Некои од нив се скриени од јавноста – ноќните правни битки за да се спречи печатење на клевети во весниците, борбите на нејзината мајка да мине меѓу новинари и фотографи за да стигне до својата влезна врата, обидите на новинари и фотографи незаконски да пристапат до нејзиниот дом и повиците кон полицијата кои следат, обидите на весниците да го поткупат нејзиниот поранешен партнер, бомбардирањето на секој пријател, колега и сакан во нејзиниот живот“ – стоеше во соопштението на Хари.

Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл

„Многу сме возбудени за Хари и Меган. Прекрасно беше што ја запознавме Меган и што видовме колку се среќни таа и Хари заедно“ – стои во порака од принцот Вилијам и војвотката Кетрин.

Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.