Почетна » Новости » Занимливости » Никогаш не се откажувајте: жена на 64 години исплива од Куба до Флорида

Никогаш не се откажувајте: жена на 64 години исплива од Куба до Флорида

Дајана Најад е првата личност која успеа да го преплива растојанието од Куба до Флорида без да користи кафез за заштита од ајкули. 64-годишната Американка си го оствари долгогодишниот сон. Ова беше нејзиниот петти обид да ги исплива долгите 180 километри.

„Никогаш не треба да се откажуваме... Никогаш не сте престари за да ги следите своите соништа“ – рекла амбициозната пливачка по пристигнувањето на целта, каде ја чекаше голема група одушевени поддржувачи.

Дајана НајадДајана пред да скокне во водата во Куба

Иако беше во немирната вода околу 53 часа, Дајана успеа без помош да ги изоди последните метри до плажата.

Дајана пристигнува на плажа во Флорида Дајана Најад

Дајана за првпат се обиде од Куба да преплива до Флорида на 28 години, но разбрануваните води не ѝ дозволија да стигне до целта. Се обиде повторно во 2011 година, но беше принудена да застане поради напад на астма и нападите од медузи. Опасните медузи беа причината за нејзиниот неуспех и минатата година. Оваа година таа носеше специјална маска за лице за да се заштити од медузите.

Дајана Најад Дајана Најад

Тим од 35 лица ја пратеше Најад низ длабоките води и ѝ помагаше да ги избегне ајкулите и бројните медузи. Во еден момент докторите биле премногу загрижени дека отечениот јазик и отечените усни ќе ѝ го отежнат премногу дишењето, но решиле да не се вмешуваат и да ѝ дозволат да си го оствари сонот.

Дајана Најад

Решителноста и храброста на Дајана восхитија милиони лица од целиот свет.

Во 1997 година Сузи Марони на 22-годишна возраст го преплива истото растојание, но со кафез за заштита од ајкули.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.