Почетна » Новости » Занимливости » Не се сите масла соодветни за готвење – дознајте кои се најдобрите

Не се сите масла соодветни за готвење – дознајте кои се најдобрите

Изборот на масло за подготовка на оброци денес е навистина голем, сите тие се разликуваат кога се користат при готвење, а нутриционистката Симона Коруновска и dm ни ги откриваат најдобрите

Живееме во време во кое за речиси сите потреби имаме избор од барем неколку, а често и премногу решенија. Но сите тие се разликуваат и изборот зависи од нашите потреби, како и што сакаме да постигнеме. Слична е ситуацијата во однос на маслата за готвење – достапни ни се навистина голем број опции, но нивните различни карактеристки значат дека треба да внимаваме кој тип ќе го избереме при подготовката на оброците. На пример, рафинираното маслиново масло и кокосовото масло се извонредна опција за готвење на повисока температура, но дали знаете зошто?

dm

Нутриционистката Симона Коруновска за маслиновото масно вели дека е безбедна опција за готвење на повисока температура, благодарение на отпорноста на високи температури и мононезаситените киселини кои ги содржи. Од друга страна, нерафинираните масла добиени од семиња најдобро е да ги употребуваме во оброци на кои не им е потребно термичко загревање, за да не ги уништиме нивните високи нутритивни вредности.

Не повеќе од пет минути се потребни да се подготви интересен оброк по препорака на Симона и dm. Вегански, посен, со избалансирано количество јаглехидрати, протеини и здрави масти, овој оброк е вкусен и практичен дури и за на работа. Станува збор за готов ориз и мали вегански колбаси кои може да се искомбинираат со вкусна салата со лимонов сок.

Целиот рецепт може да го погледнете на Youtube-каналот на dm

Овој оброк се базира на див ориз, кој е целосно природен, не е многу калоричен, има поголемо количество протеин и изобилува со манган. Станува збор за готова комбинација на ориз која е особено здрава. Дополнително, малите колбаси, кои се вегански и навистина вкусни, се протеинскиот дел од оброкот. Изобилуваат со ароми затоа што не содржат никакви конзерванси. Се работи за брз и едноставен рецепт кој со насмевка ќе го подготвите, а со уште поголемо задоволство ќе уживате додека го конзумирате.

На веб-сајтот на dm можете да пронајдете уште повеќе нутритивни факти за различни состојки и брзи и едноставни рецепти со нив!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11297 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.