Почетна » Новости » Занимливости » Не постоела толку мала инвалидска количка, па родители сами ја создале за парализираната ќеркичка

Не постоела толку мала инвалидска количка, па родители сами ја создале за парализираната ќеркичка

Родители на мудар начин го искористија интернетот и со сопствени раце создадоа мини инвалидска количка за 13-месечната ќерка која е парализирана поради рак. Тие тврдат дека сега таа е незапирлива.

Евелин Мур Евелин Мур

Евелин Мур имала само 4 месеци кога ѝ бил дијагностициран тумор невробластома во четврт стадиум на `рбетот. Таа храбро ги поднесла осумте третмани со хемотерапија, но откако нејзините родители Ким и Бред ја добиле среќната вест дека ракот е во ремисија, следувал уште еден шок. Ракот ѝ го оштетил `рбетниот столб на Евелин и ја парализирал од рацете надолу. Срцето повторно им се скршило.

„Одите дома и плачете, а потоа се враќате следниот ден и сте најсилните мајка и татко што можете да бидете“ – рекла Ким.

Докторите им препорачале на Ким и Бред да ја охрабруваат нивната ќерка да лази со рацете, влечејќи го своето тело додека да наполни две години, но идејата не им се допаднала.

Сакајќи да му даде можност на своето малечко да се движи исто како другите деца, Ким започнала да пребарува на интернет и била пресреќна кога на Pinterest пронашла статија за создавање мини инвалидска количка.

„Прелистував на Pinterest и пронајдов многу кул инвалидска количка. Му ја покажав на мојот сопруг и го прашав дали може да ја направи“ – објаснува Ким. Двајцата веднаш ги набавиле потребните материјали и за 100 долари и една непреспана ноќ ѝ подариле количка на својата ќеркичка.

Евелин Мур Евелин Мур Евелин Мур

Евелин започнала да ја користи својата мини инвалидска количка на седум месеци, а сега ништо не може да ѝ застане на патот. „На почетокот се движеше наназад, потоа научи да се движи нанапред, и потоа сфати како да врти. Сега имаме успорник на средината од дневната соба зашто се движи многу брзо“ – вели Ким, која додава дека луѓето се позитивно изненадени што тие се однесуваат кон Евелин како што секој родител се однесува кон своето едногодишно дете.

„Не ја третираме како различна, таа е иста како другите деца. Само ги правиме нештата поразлично. Тоа е сè“ – вели Ким.

Евелин Мур Евелин Мур

„Волјата која ја има и способноста да се адаптира на ситуацијата е нешто што никогаш не го очекував. Ништо не може да ја запре“ – вели таткото Бред, додавајќи дека сака Евелин да порасне знаејќи дека може да постигне сè што ќе посака.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11314 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.