Почетна » Новости » Занимливости » Најскапиот телевизор на светот чини 1,7 милиони евра

Најскапиот телевизор на светот чини 1,7 милиони евра

Преминувајќи ги сите граници на луксузот, британскиот дизајнер Стјуарт Хјуз го создаде најскапиот телевизор на светот. Ќе бидат произведени само 3 вакви телевизора, а можете да си купите еден по цена од 1,5 милиони евра.

Најскапиот телевизор

Изработен од 28 килограми 18-каратно злато и обложен на рамката со 72 дијаманти од 1 карат, телевизорот е наречен PrestigeHD Supreme Rose. Внатрешната рамка му е направена од рачно обработена крокодилска кожа. Големината на екранот е 55 инча, а во златната рамка има уште стотици мали блескави камења и аметист.

Креаторот на „скапоцениот“ телевизор поседува своја работилницa и создава исклучително луксузни предмети за најбогатите.

„Моите дизајни се жестоки и се наменети за врвните купувачи на пазарот – пребогатите и оние кои имаат пари за расфрлување“ – изјавил Хјуз за лондонски Телеграф.

„Поевтината“ верзија на овој телевизор ќе чини 1,1 милиони евра и ќе биде изработена од 19 килограми злато и 48 дијаманти.

Еден од познатите клиенти што ги остава своите пари кај Хјуз е Стефано Габана, еден од основачите на Dolce&Gabbana.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.