Почетна » Новости » Занимливости » Највисокиот брачен пар на светот

Највисокиот брачен пар на светот

Лори и Вејн Халквист се брачен пар кој не можете да не го забележите. Нивната вкупна висина е 4,07 метри и тие официјално ја добија титулата највисок брачен пар на светот.

Лори и Вејн Халквист Лори и Вејн Халквист

Лори е висока скоро 2 метри, а Вејн 2,07 метри. Тие се во брак веќе 7 години, но оваа година дознале дека можат да кандидираат да бидат запишани во Гинисовата книга на рекорди.

„Кога стапивме во брак во 2003г., на шега побаравме кој е највисокиот пар и научивме дека во 1870г. имало брачен пар во кој и мажот и жената биле високи над 213 сантиметри, па се откажавме. Но, потоа членови на нашето смејство дознаа дека можеме да кандидираме за рекорд за највисок жив брачен пар, па така и направивме“ – изјавиле Лори и Вејн.

Лори и Вејн се запознале в црква. Вејн веднаш покажал интерес кон Лори, но таа се однесувала со резерва кон него. „Премногу се шегуваше за големината на моите раце и стапала. За една висока жена тоа е исто како да се шегуваш со нејзината возраст“ – со насмевка раскажала Лори.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.