Со потребната мотивација и инспирација, една личност може да направи сè што ќе посака.
На Кејти Галагер од Канзас ѝ дошло преку глава да биде нарекувана „дебелата пријателка“ и по разделбата од момчето, таа целосно си го трансформираше телото, станувајќи фитнес зависничка.
25-годишната Американка целиот свој живот не практикувала здрава исхрана, но додека студирала на факултет, тоа драстично се одразило на нејзиниот изглед. Тогаш, таа значително ја покачила својата телесна тежина, а со тоа нејзината самодоверба го достигнала дното.
Поради тоа што имала поголеми облини од своите другарки, Кејти постојано слушала како луѓето ја нарекуваат „дебелата пријателка“. Свесна дека си го уништува здравјето, Галагер се убедувала себеси да започне со слабеење и вежбање.
Клучниот момент кој ја „удрил“ во глава, бил кога нејзиното момче раскинало со неа. „Момчето ме остави и многу од моите пријатели се свртија против мене. Се чувствував осамено. Го искористив моето скршено срце како мотивација да го добијам моето одмаздничко тело – рекла Кејти.
Со новиот здрав начин на живот и напорни тренинзи, Кејти успеала да „стопи“ 20 килограми и сега цифрата на нејзината вага покажува 62 кг.
Упорната девојка тврди дека слабеењето не ѝ влијаело само врз физичкиот изглед, туку и врз нејзиниот ментален склоп. „Искрено, најголемата трансформација низ која поминав не беше физичката. Мојот менталитет целосно се промени. Знам дека животот е наменет за уживање. Не планирам да се ограничувам од моите омилени десерти, но клучот е единствено во балансот“ – додала таа.