Почетна » Новости » Занимливости » Моќта на малите семиња: Револуционерно откритие во козметиката

Моќта на малите семиња: Револуционерно откритие во козметиката

AVON го претстави својот комплетно нов бренд за нега на кожа – Nutra Effects, инспириран од природната моќ на семињата

Козметичкиот гигант AVON ја претстави својата нова линија за нега на кожа Nutra Effects, инспирирана од природата и најхранливите семиња. Брендот Nutra Effects е базиран на револуционерниот „Active Seed“ комплекс, кој е незаменлив извор на скапоцени хранливи состојки чија уникатна комбинација придонесува за 24-часовно хидрирање и потхранување на кожата. Се работи за комбинација на екстракти од семиња со есенцијални антиоксиданти и витамини, кои заедно придонесуваат за зголемување на виталноста и енергијата на кожата.

Nutra Effects

Од компанијата велат дека брендот Nutra Effects е создаден и развиен за да ги задоволи потребите на корисниците и да обезбеди ефикасна нега за кожа која е соодветна за секоја личност и секоја возрасна група.

Откако ги дефиниравме очекувањата на нашите корисници, научниците на AVON поминаа низ долг и темелен процес на истражување со цел да ги откријат најскапоцените состојки – семињата. Со своето обемно знаење и искуство во областа на биологијата на кожата, како и со својата експертиза во формулација на производи, тие го развија „активниот семенски“ комплекс кој е инспириран од природната моќ на семињата.

Active Seed комплексот е клучната технологија во целото портфолио бидејќи семињата се најмоќната креација на природата. Тие се всушност изворот на самиот живот. Семињата содржат витални нутритивни вредности и токму затоа се клучот во нашиот новоразвиен бренд за нега на кожа

проф. д-р Алдона Тарновска, Постар хемичар за истражување и развој на AVON за EMEA регионот (Европа, Блискиот Исток и Азија).

Д-р Анета Кокалеста Петрушевска пак, која е дерматовенеролог во Дерматолошко естетската ординација Д-р Анчевски, вели дека семињата во козметиката се исклучително популарни токму поради нивната регенеративна моќ.

Грижата за кожата е од есенцијална важност за изгледот и здравјето, бидејќи покрај нејзината заштитна улога која е примарна, учествува и во бројни други регулациски механизми кои се важни за нашето тело. Кога станува збор за светските трендови за нега на кожа, морам да се согласам дека природните состојки и семињата се несомнено најпопуларни, пред сè поради моќта за регенерирање и хидрирање на кожата.

д-р Кокалеска Петрушевска.

Основни состојки употребени во линиите Nutra Effects се чиа семето, семето од калинка и семето од стрелиција, кои сите заедно изобилуваат со хранливи материи за кожата, витамини, минерали, антиоксиданти и масни киселини.

„Семето од чиа денес е популарно и во прехранбената индустрија како особено богат извор на Омега 3, протеини, витамини и антиоксиданти и помага за природно одржување на влажноста на кожата. Стрелицијата делува на осветлување на тенот и ни дава мазен изглед со тоа што го разложува прекумерниот пигмент, а калинката пак, умее целосно да ги обнови структурите на кожата. Покрај тоа што е корисно да ги консумираме овие семиња преку исхраната, уште поважно е истите да ги аплицираме и на нашата кожа, бидејќи на тој начин тие умеат директно да влијаат и го забавуваат стареењето на кожата“, вели д-р Кокалеска Петрушевска.

„Новата линија NUTRA EFFECTS креми на AVON кои се на природна база и без парабени, со употребата на овие моќни семиња во својот состав, ги потенцираат нивните ефекти, при што кожата изгледа помазна, сјајна и со еден збор делува здраво“, заклучува д-р Анета Кокалеска Петрушеска.

Битно е да се спомене и дека формулите во линиите се алергенски тестирани и не вклучуваат парабен и вештачки бои, со што овозможуваат Nutra Effects да биде соодветна и за најчувствителниот тип на кожа.

Портфолиото на Nutra Effects

Хидрирачка линија

Хидрирачката линија на Nutra Effects е врз база на Active Seeds комплекс со чиа семе. Чиа семето е моќна состојка, богат извор на омега 3 и 6 масни киселини, витамини и антиоксиданти. Ова семе може да апсорбира 12 пати повеќе вода од сопствената тежина, па затоа и кожата е хидрирана долго време. Формулата ја зајакнува кожата при заштита од еколошките фактори, како ветер, ладен и сув воздух и овозможува интензивна хидратација и потхранување 24 часа, со што кожата изгледа повторно здраво. Одговара за сите типови кожа и возраст. Се препорачува за кожа подложна на сушење.

Nutra Effects

Балансирачка линија

Улогата на балансирачката линија е одржување на совршен баланс на кожата преку нормализирање на продукцијата на масти и нивото на хидратација, со што ја потхранува кожата и ги матира деловите подложни на мастење. Матирачките состојки го апсорбираат вишокот на себум, а Active Seeds комплексот со чиа семе ѝ даваат на кожата оптимална влажност. Кожата е мека, мазна и матирана. Се препорачува за масна кожа, за секоја возраст. Се нанесува особено на Т-зоната и површините со проширени пори.

Nutra Effects

Линија за блескава кожа

Линијата за блескава кожа е врз база на Active Seeds комплекс со екстракт од стрелиција коешто помага за намалување на пигментацијата на кожата и во обновување на слоевите на кожата, така што површината станува помазна и блескава. Семето од стрелиција потекнува од најубавите егзотични цвеќиња и е одлично за корекција на тенот на кожата и го враќа нејзиниот блескав изглед и сјај. Освен тоа, нијансираниот крем за лице од оваа линија не само што ги намалува недостатоците и го враќа природниот сјај на кожата, туку благо и ја нијансира кожата, прилагодувајќи ја на тенот на секоја кожа. Се препорачува за кожа без сјај и уморна кожа со нерамномерен тен и темни дамки.

Nutra Effects

Зацврстувачка линија 35+

Линијата против стареење е наменета за потребите на кожа за возраст 35+. Active Seeds комплексот со семе од калинка е формулиран да ја зајакне структурата на кожата, колагенот и еластинот. Калинката е полна со антиоксиданти кои се борат против слободните радикали и го одржуваат младешкиот изглед, одржувајќи ја текстурата на кожата, подобрувајќи ја нејзината еластичност и цврстина. Оваа формула ја потхранува и зацврстува кожата, видливо го омекнува изгледот на тенките линии (линиите кои се создаваат од загриженост и смеење) и површинските брчки. Одговара за сите типови кожа. Се препорачува за кожа која покажува први знаци на стареење.

Nutra Effects

Напредна линија против стареење 45+

Оваа линија е наменета за кожа 45+ која покажува знаци на напредно стареење. Active Seeds комплексот со семе од калинка го стимулира создавањето на колаген во кожата, помага во зајакнување и подобрување на изгледот на кожата, длабоко ја потхранува и надополнува и го намалува појавувањето на длабоки брчки и тенки линии. Калинката е витална, богата со антиоксиданти и помага во забавување на процесот на стареење на кожата. Одговара на сите типови на кожа со напредни знаци на стареење, на пр. длабоки брчки, дисколорација, изгубена цврстина и сувост.

Nutra Effects

Производи за чистење на лице

Производи со нежна формула без сапун, кои содржат active seed комплекс. Јатките за чистење содржат супстанца која помага за лесно отстранување на себумот и кога ќе се помеша со вода се претвора во блага пена. Богати со хранливи состојки, производите за чистење на лице ја отстрануваат нечистотијата и шминката, а истовремено длабоко ја чистат кожата без претерано сушење. Одговара за сите типови на кожа и за секоја возраст.

Nutra Effects

Главни состојки

Чиа семето е познато уште и како „супер храна“ за 21-виот век и има корисно влијание за целиот организам. Тоа претставува најбогатиот познат ботанички извор на Омега 3 и 6 масни киселини, побогат од рибиното масло. Содржи и 30% повеќе антиоксиданти од боровинките и помага во борбата против слободните радикали. Маслото од чиа пак е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк. Тоа впива 12 пати поголемо количество вода од сопствената тежина и токму затоа неговиот екстракт во кремите го продолжува траењето на хидратацијата на кожата.

Калинката е витална состојка и е еден од најбогатите извори на антиоксиданти, минерали и витамин Ц. Калинката ја стимулира продукцијата на колаген во кожата на клеточно ниво, со што помага во забавување на процесот на стареење на кожата, ја зацврстува нејзината структура и ја враќа нејзината еластичност. Токму затоа екстракти од семките од калинка се употребени во линиите против стареење на Nutra Effects.

Семето од стрелиција, или во оригинал „Bird of Paradise“ потекнува од Јужна Африка и е еден од најубавите егзотични цветови. Екстрактот од неговото семе совршено го изедначува тенот и ја обновува младешката блескавост. Функцијата на ова семе е да ја спречи продукцијата на меланинот (пигментацијата) во клетките на кожата и токму затоа го враќа природниот и здрав сјај на кожата.

Најчести прашања и одговори

Дали постои препораката за која возраст да се користат производите Nutra Effects?

Сите линии за нега на лице Nutra Effects може да се користат за секоја возраст, со исклучок на Зацврстувачката линијата која е специјално наменета за потребите на кожа 35+ и Напредната линија против стареење која е наменета за 45+.

За кој тип на кожа се наменети овие креми?

Секоја линија Nutra Effects е наменета за потребите на различна кожа. Напредната линија против стареење помага во справување со напредните знаци на стареење, додека линијата за зацврстување помага во намалувањето на првите знаци на овој процес, и двете одговараат за сите типови на кожа. Хидрирачката линија обезбедува длабинско хидрирање и се препорачува за нормална и сува кожа. Линијата за блескава кожа ги задоволува потребите на кожата со темни дамки и нерамномерен тен. Балансирачката линија е најсоодветна за комбинирана до мрсна кожа, одржувајќи го мат изгледот.

Што е active seed комплекс?

Active Seed комплекс е комбинација на екстракт од семиња со есенцијални антиоксиданти и витамини. Во овој комплекс е искористена природната моќ на семињата за длабинско потхранување на кожата, заштита од еколошките фактори и забавување на процесот на стареење на кожата, враќајќи ја нејзината природна убавина.

Што се парабени?

Парабените се конзерванси кои се користат во медицинските и козметичките производи против бактерициди и фунгициди кои може да предизвикаат алергии. Линијата Nutra Effects не содржи парабен и одговара за чувствителна кожа.

Кога треба да започнам со користење на крем против стареење?

Не постои одредена линија за возраст со која може да се одреди потребата од нанесување на крем против брчки. Стареењето на кожата не зависи само од возраста, туку и од исхраната, начинот на живеење и други надворешни фактори. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека по возраст од 25 години, кожата произведува помалку колаген, што значи дека на некој начин мора да се потхранува за да остане еластична и мазна.

Дали е Nutra Effects соодветна за многу чувствителна кожа?

Да, сите Nutra Effects линии се соодветни за чувствителна кожа. Сите производи подлежеа на алерго-тестови и не содржат парабени или вештачки бои.

По колку време треба да очекувам ефект од Nutra Effects?

Некои ефекти веднаш се видливи, така што по започнување на употребата, во зависност од линијата, може да забележите мазна, изедначена и матирана кожа. По околу 2 недели со редовна употреба, може да се забележат видливи подобрувања во текстурата, тонот и производството на себум.

Што да изберам: крем или гел?

Зависи од типот на кожа и нејзините потреби. Ако имате масна кожа, се препорачува користење на полесни гел формули. Геловите не ја омекнуваат толку кожата и ја подобруваат пропустливоста, со што има поголем ефект врз кожа со затворени пори, акни и митисери. Кремите се подобар избор за сува и нормална кожа. Освен тоа, дневните креми содржат SPF (Заштитен фактор од сонце) и ја заштитуваат кожата при изложеност на сончеви зраци коешто предизвикува фото-стареење.

Што се антиоксиданти?

Антиоксиданти се група хемиски супстанци, кои се јавуваат во мала концентрираност, ја спречуваат или забавуваат оксидацијата на супстанците предизвикани од слободните радикали кои предизвикуваат стареење на кожата. Со други зборови, антиоксидантите помагаат против оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали во клетките на кожата, при што го одржуваат младешкиот и здрав изглед на кожата. На пример, витамините С и Е се познати оксиданти.

Што ако купам крем кој не одговара на мојата кожа?

Доколку кремот што сте го купиле не одговара на вашата кожа, AVON гарантира за можноста на враќање или менување на производите најмногу за 3 месеци. Исто така, може да ви понудиме друга линија на производи за нега на кожа.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11513 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.